Прејди на содржината

Гамсутл

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гамсутл (руски: Гамсутль, на латиница: Gamsutl'; аварски: Гъамсукь, на латиница: Ghamsuk) е напуштен град во Гунибскиот округ во Дагестан, Русија, кој се наоѓа на планината Гамсутлмер на околу 1.400 метри надморска височина.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

„Гамсутл“ на аварски јазик значи „во подножјето на тврдината на ханот“.[2]

Точната старост на селото е непозната, но се смета за едно од најстарите населби во Дагестан кое е старо од 2.000 до 5.000 години. Во својот најголем подем, селото се состоело од 300 куќи[1] со до 3.000 жители.[3]

Во 20 век селото имало продавници, пошта и болница[1], а кон крајот на 1950-тите, луѓето почнале да го напуштаат селото и бројот на жители почнал да паѓа и во 1970 година останале 200, а веќе во 2002 година 17 жители.[3]

Во 2015 година, починал последниот жител на селото, Абдулжалил Абдулжалилов[1] кој се нарекол градоначалник и станал доста познат по серија телевизиски извештаи.[3]

Сега Гамсутл е ненаселен и го посетуваат само туристи.[1]

  1. 1 2 3 4 5 „Gamsutl“. Atlas Obscura. Посетено на 25 October 2021.
  2. „Гамсутль — Республика Дагестан“. russia.travel. Federal Agency for Tourism. Посетено на 25 October 2021.[мртва врска]
  3. 1 2 3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Kaukasus.