Галопирачка инфлација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Галопирачка инфлација е состојбата во стопанството кога цените брзо растат, а годишната стапка на пораст на цените е двоцифрена, трицифрена и повеќецифрена. Овој вид инфлација предизвикува сериозни проблеми во стопанството. Луѓето не се сигурни во вредноста на својата парична единица и ја менуваат за реални материјални добра (за стоки или за други странски валути).