Галичички различник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галичички различник
цвет
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Астериди
Семејство: Главоцветни
Племе: Cynareae
Род: Различници
Вид: C. galicicae
Научен назив
Centaurea galicicae
Micevski

Галичички различник (науч. Centaurea galicicae) — местен ендемит во флората на Македонија, од семејството Asteraceae (Compositae),(сложеноцветни растенија). Се наоѓа само во околината на Преспанското Езеро, односно кај селото Стење. Се развива како хазмофит, во пукнатини на варовнички карпи.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Повеќегодишно тревесто растение со задрвенет ризом. Стебленцата му се исправени, метловидно разгранети, беловлакнести; гранчињата со една главичка.

Листови[уреди | уреди извор]

Листовите се бели или пепелесто-влакнести; базалните со дршки скоро еднакви на ламините, кои се заоблено издолжени, 6-9 * 2-3 cm , перести, страничните сегменти се линеарно- ланцетни, завртени кон назад, напилени или целокрајни, заострени или зашилени, терминалните во основата со заострени перести делови; стеблените приседнати, перести, со најчесто 3-6 сегменти, издолжени линејни, 0,5-1 mm широки, неподелени, ретко перести, со превиткани рабови, подолги и пошироки од терминалните сегменти; горните мали и со 1-2 сегменти.

Соцветие[уреди | уреди извор]

Кошничката единечна, инволукрумот јајцевиден, 15-10 mm; инволукралните листови зелени, мазни; апендиксот со ромбична црна дамка и терминален трн долг 1,5-2,5 mm , чешловидно трепчест, обично со 5-6 црни трепки, од кои најдолните преминуваат во скариозни ушиња. Цветовите се розови.

Плод[уреди | уреди извор]

Едносемено влакнесто оревче, долго 2,5 mm; папусот двојно подолг од плодот.

Екологија[уреди | уреди извор]

Екологијата на варовнички карпи покрај езерото.[2]

Распространетост[уреди | уреди извор]

На планината Галичица, село Стење, на варовнички камењари и карпи покрај езерото. (leg.K.Micevski)(MKNH).

Помеѓу Стење и Коњско, по карпите покрај брегот на Преспанско Езеро.(leg.K.Micevski)(MKNH) [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Centaurea galicicae Micevski на The Plant List
  2. Micevski, Acta Bot.Croat., 44:83-84 (1985)
  3. Micevski, Acta Bot.Croat., 44:83-84 (1985)