Галичичка чуваркуќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галичичка чуваркуќа
Sempervivum galicicum
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Јадрени евдикоти
Ред: Каменоломковидни
Семејство: Дебелци
Род: Чуваркуќа
Вид: Галичичка чуваркуќа
Научен назив
Sempervivum galicicum
A.C.Smith

Галичичка чуваркуќа[1] (науч. Sempervivum galicicum) — локален ендемит во флората на Македонија од семејството на дебелците (Crassulaceae), познат само за планината Галичица. Се развива во пукнатини на карпи и камењари, на карбонатна геолошка подлога.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Повеќегодишно тревесто растение; Стебло 10–25 см високо, густо жлездесто-влакнесто, со неколку топчести розети и со многубројни листови до соцветието.

Листови[уреди | уреди извор]

Листовите на розетата збиени, долгнавесто-елиптични или ланцетни, на врвот кусо заострени, 12-15x4-5 мм, зелени, на врвот пурпурни, по работ до врвот со густи цилии, од обете страни со густи жлездести влакна, а на долната страна со трепки. Стеблените листови му се поголеми, на врвот пурпурни, од обете страни со густи жлездести влакна, а по работ и со долги трепки.

Цвет[уреди | уреди извор]

Цветовите му се скоро приседнати, градат цимозно, густо жлездесто-влакнесто соцветие со долги цилии. Чашката му е жлездесто-влакнеста, 4–5 мм долга, со 3–4 мм долги ланцетни и заострени сегменти. Венечните ливчиња ѕвездесто му се распоредени, 7 x 1,75–2 мм, ланцетни, на врвот кусо заострени, по работ и од грбната страна со ретки жлездести влакна; прашничките филаменти му се бледокремови, а антериите ѓолти. Карпелите 3–5 мм долги, жлездесто-влакнести. Столпчињата 1,5 мм долги, исправени или малку искривени.

Екологија[уреди | уреди извор]

По варовнички камењари и карпи над 1400 м.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sempervivum galicicum (A.C.Sm.) Micevski, Fl. Republ. Makedonija 1(4): 1095. 1998.
  2. Sempervivum ciliosum var. galicicum A.C.Sm.