Галерија на виното (Неготино)
Неготинскиот манастир каде што е сместена галеријата | |
![]() | |
| Основан | 1978 |
|---|---|
| Место | Неготино, |
| Тип | музеј |
| Фонд | археологија, историја, етнографија |
| Сопственик | Музеј на град Неготино |
| Мреж. место | muzejnegotino.mk |
Галерија на виното — тематски дел од Музејот на градот Неготино посветен на винарството и лозарството. Галеријата е прва од ваков вид во Македонија и е изградена со финансиски средства на општината Неготино и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Галеријата на виното која е сместена е во комплексот на Неготинскиот манастир.[1]
Намена и опфат
[уреди | уреди извор]Основната намена на објектот е заштита на културно–историското наследство со посебна нагласка на заштитата на артефактите поврзани со лозарството и винарството, како основен белег на ова поднебје.
Галеријата располага со голем број на археолошки наоди и етнолошки предмети поврзани со лозарството и винарството.[1]
Покрај основната, Галеријата на виното има и посебна намена, манифестирана во изложбено–продажниот дел кој ги содржи најквалитетните сортни вина, произведени во македонските познати винарници.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „ЛУ Музеј на град Неготино“. Општина Неготино. Архивирано од изворникот на 2016-03-18. Посетено на 2026-06-06. Занемарен непознатиот параметар
|archive_date=(help); Занемарен непознатиот параметар|архив_уеб_адрес=(help); Занемарен непознатиот параметар|access_date=(help)
