Галеријата „Никола Мартиноски“ ― галерија која се наоѓа во Крушево, Македонија. Галеријата постои од 1968 година и е посветена на крушевскиот експресионистичкиликовен уметникНикола Мартиноски.[1] Самата галерија има создадено огромен број творби што се наоѓаат во многубројни јавни и приватни колекции. Таа содржи неколку десетици творби (масла, темпери, цртежи, графики) од неколку периоди во творештвото на Никола Мартиноски, почнувајќи од 1928 година наваму.[1][2]
Со средства од Министерството за култура, во 2015 година била извршена реконструкција на галеријата. Реконструкцијата опфатила партерно уредување, оградување на просторот, обновена фасада. Отворањето на обновената галерија било во присуство на тогашната министерска за култура Елизабета Канческа Милевска. Реновираната галерија содржела 62 изворни уметнички слики на Мартиноски.[3]