Галактичка година
Галактичка година (вселенска година или космичка година) — времето кое му потребно на Сонцето еднаш да искружи околу средиштето на Млечниот Пат.[2] Една галактичка година изнесува околу 225 милиони Земјини години.[3] Сончевиот Систем се движи со просечна брзина од 230 км/с (828.000 км/ч) на неговата траекторија околу Галактичкото Средиште;[4] со оваа брзина едно тело може да го обиколи Земјиниот екватор за 2 минути и 54 секунди; одговара на 1⁄1300 од брзината на светлината.
Галактичката година е згодна единица за претставување на вселенски и геолошки временски периоди заедно. За разлика од тоа, скалата од милијарди години не е корисна за разликување на геолошки настани, а скалата од милиони години бара употреба на големи броеви.[5]
Врелесмед на вселената и Земјината историја изразен во галактички години
[уреди | уреди извор]Напомена: 1 галактичка година е еднаква на 225 милиони години.
Време | Настан | |
---|---|---|
Галактички години (гал) |
Милиони години (мг) | |
Во минатото (изминати години) | ||
61,32 | Голема експлозија | |
54 | Настанок на Млечниот Пат. | |
20,44 | Настанок на Сонцето. | |
17–18 | 3.937 | Појава на океани на Земјата. |
16,889 | 3.800 | Појава на живот на Земјата. |
15,555 | 3.500 | Појава на прокариоти. |
12 | 2.700 | Појава на бактерии. |
10 | 2.250 | Период еукариум.[6][7] Прва појава на еукариоти[8] Појава на стабилни континенти. |
6,8 | 1.530 | Појава на повеќеклеточни организми. |
2,4 | 540 | Камбриумска експлозија. |
2 | 500 | Појава на прата мозочна структура кај црвите. |
1,11 | 250 | Пермско-тријаско изумирање |
0,2933 | Кредно-палеогенско изумирање | |
0,0013 | Појава на анатомски современиот човек. | |
Во иднината (години отсега) | ||
0,15 | Изминато средно време помеѓу ударите од астероидни тела со величина на K/Pg-ударникот.[9] | |
1 | Сите континенти на Земјата може да се спојат во суперконтинент. Три можности се Амазија, Новопангеја и Пангеја Ултима.[10] | |
2–3 | Плимното забрзување доволно ја оддалечува Месечината од Земјата што повеќе не е возможно целосно затемнување на Сонцето. | |
4 | Нивото на јаглерод диоксид опаѓа дотаму што повеќе не е возможна C4-фотосинтеза. Изумираат сите повеќеклеточни организми.[11] | |
15 | Површинските услови на Земјата се споредливи со оние на Венера денес. | |
22 | Млечниот Пат и галаксијата Андромеда почнуваат да се судираат. | |
25 | Сонцето исфрла планетарна маглина, зад себе оставајќи бело џуџе. | |
30 | Завршува спојот на Млечниот Пат со Андромеда во џиновска елиптична галаксија наречена Млекомеда.[12] | |
500 | Ширењето на вселената предизвикува галаксиите по Месната Група на Млечниот Пат да исчезнат зад хоризонтот на вселенска светлина. Сега нив ги нема во видливата вселена.[13] | |
2000 | Месната Група од 47 галаксии[14] се соединува во една голема галаксија.[15] |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Milky Way Past Was More Turbulent Than Previously Known“. ESO News. European Southern Observatory. 6 април 2004.
After more than 1,000 nights of observations spread over 15 years, they have determined the spatial motions of more than 14,000 solar-like stars residing in the neighbourhood of the Sun.
- ↑ Cosmic Year Архивирано на 12 април 2014., Fact Guru, University of Ottawa
- ↑ Leong, Stacy (2002). „Period of the Sun's Orbit around the Galaxy (Cosmic Year)“. The Physics Factbook.
- ↑ http://starchild.gsfc.nasa.gov/docs/StarChild/questions/question18.html NASA – StarChild Question of the Month for February 2000
- ↑ Geologic Time Scale – as 18 galactic rotations
- ↑ El Albani, Abderrazak; Bengtson, Stefan; Canfield, Donald E.; Riboulleau, Armelle; Rollion Bard, Claire; Macchiarelli, Roberto; и др. (2014). „The 2.1 Ga Old Francevillian Biota: Biogenicity, Taphonomy and Biodiversity“. PLOS ONE. 9 (6): e99438. Bibcode:2014PLoSO...999438E. doi:10.1371/journal.pone.0099438. PMC 4070892. PMID 24963687.
- ↑ El Albani, Abderrazak; Bengtson, Stefan; Canfield, Donald E.; Bekker, Andrey; Macchiarelli, Roberto; Mazurier, Arnaud; Hammarlund, Emma U.; и др. (2010). „Large colonial organisms with coordinated growth in oxygenated environments 2.1 Gyr ago“ (PDF). Nature. 466 (7302): 100–104. Bibcode:2010Natur.466..100A. doi:10.1038/nature09166. PMID 20596019. S2CID 4331375.[мртва врска]
- ↑ F. M. Gradstein (2012). The geologic time scale 2012. Volume 2 (1. изд.). Amsterdam: Elsevier. ISBN 978-0-444-59448-8. OCLC 808340848.
- ↑ Lunar and Planetary Institute (2010), https://www.lpi.usra.edu/features/chicxulub/
- ↑ Williams, Caroline; Nield, Ted (17 октомври 2007). „Pangaea, the comeback“. New Scientist. Посетено на 2 јануари 2014.
- ↑ Franck, S.; Bounama, C.; von Bloh, W. (7 ноември 2005). „Causes and timing of future biosphere extinction“. Biogeosciences Discussions. Copernicus GmbH. 2 (6): 1665-1679. Bibcode:2006BGeo....3...85F. doi:10.5194/bgd-2-1665-2005. S2CID 3619702.
- ↑ Cox, T. J.; Loeb, Abraham (1 мај 2008). „The collision between the Milky Way and Andromeda“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. Oxford University Press (OUP). 386 (1): 461–474. arXiv:0705.1170. Bibcode:2008MNRAS.386..461C. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13048.x. ISSN 0035-8711. S2CID 14964036.
- ↑ Loeb, Abraham (18 април 2011). „Cosmology with hypervelocity stars“. Journal of Cosmology and Astroparticle Physics. IOP Publishing. 2011 (4): 023. arXiv:1102.0007. Bibcode:2011JCAP...04..023L. doi:10.1088/1475-7516/2011/04/023. ISSN 1475-7516. S2CID 118750775.
- ↑ Frommert, Hartmut; Kronberg, Christine (5 јуни 2007). „The Local Group of Galaxies“. University of Arizona. Students for the Exploration and Development of Space. Архивирано од изворникот на 7 септември 2009. Посетено на 2 октомври 2009.
- ↑ Adams, Fred C.; Laughlin, Gregory (1 април 1997). „A dying universe: the long-term fate and evolutionof astrophysical objects“. Reviews of Modern Physics. 69 (2): 337–372. arXiv:astro-ph/9701131. Bibcode:1997RvMP...69..337A. doi:10.1103/revmodphys.69.337. ISSN 0034-6861. S2CID 12173790.
|