Галаксаура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Галаксаура во старогрчката митологија била нимфа.

Митологија[уреди | уреди извор]

Хесиод во Теогонија ја наведува како една од Океанидите[1], која во Хомеровата химна на Деметра е опишана како убавица. Таа е спомената како придружнича на Персефона, која со другите нимфи и правела друштво на божицата, пред да ја грабне Хад.[2] Нејзиното име во буквален превод означува „млечен поветарец“ (galaktos, aurê), па претставувала божество на поветарецот (односно ветрот) со магла, веројатно поистоветена со Нефела или Аура.[3]

Биологија[уреди | уреди извор]

Латинско име на оваа личност (Galaxaura) е назив за род растенија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: OCEANIDS}-; -{List of OCEANIDS, daughters of Oceanus and Tethys}-
  2. -{theoi.com: Tykhe}-; -{TYCHE COMPANION OF PERSEPHONE}-
  3. -{theoi.com: Okeanides}-; -{NAMES OF OKEANIDES}-
  4. Galaxaura. Обединет таксономски информативен систем.  (англиски)