Газела (мост во Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Газела
Носи пешаци
Минува Вардар
Место Скопје, Македонија Македонија
Особености
Вк. должина 114,50 m
Ширина 3,60 m
Историја
Отворен 2004[1]

Газела претставува пешачки мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува населбите Карпош 4 и Злокуќани во главниот град на Македонија, Скопје. Мостот е дело на архитектот Јован Стефановски - Жан.

Камен-темелникот за мостот бил поставен на 7 јуни 2003 година, а свеченото пуштање во употреба се случило на 8 октомври 2004 година. Широчината на мостот е 3,60 m, а вкупната должина 114,50 m. Апсолутната висинска кота на горната пешачка површина изнесува 255,15 m. Мостот е изведен како комбинација од армиран бетон и челик. Конструктивниот систем на објектот претставува целина од армирано-бетонски темели, монтажни подни плочи, челични лачни решеткасти носачи, столбови и греди, со што распонот статички и сеизмички е лесно совладлив. Мостот бил целосна инвестиција на Општина Карпош вредна околу 500.000 евра. Во неговата изградба биле вклучени „Сајон проект", „Геоинг", „Гранит", „Факом инженеринг" и „Гранит електрика".

Криминалитет[уреди | уреди извор]

Откако мостот се пуштил во употреба, тој постанал главна врска преку која се вршело пренос на предмети стекнати од кражби. Податоците од полициските билтени покажале дека од 2004 година откако мостот бил пуштен во употреба, криминалитетот и кражбите билр зголемени за 51 отсто. Од тие причини, Локалниот совет за превенција на Општина Карпош во кој покрај членови од Општина Карпош, имало и претставници на МВР, ОБСЕ и граѓани донеле едногласна одлука за воведување на времена забрана за минување по мостот во вечерните часови што важела од 1 декември 2004. Мостот бил затворен од 20 до 6 часот наутро. Поради тоа на мостот биле ставени и железни врати.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Предаден во употреба мостот „Газела"“, Утрински Весник, 2004 (посет. 15 мај 2012 г). (на македонски)
  2. Арсоска, Елизабета. „Газела ќе добие железни порти“, Вечер, вторник, 25 ноември 2008 :: Бр. 13961 (посет. 15 мај 2012 г). (на македонски)

Поврзано[уреди | уреди извор]