Гаетано Ширеа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гаетано Ширеа
Gaetano Scirea - Capitano della Juventus FC.jpg
Лични податоци
Роден на 25 мај 1953(1953-05-25)
Роден во Чернуско сул Навиљо, Италија
Починал на 3 септември 1989(1989-09-03) (возр. 36)
Починал во Бабск, Полска
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 1988 (35 г.)
Младинска кариера
1963–1967 Azzurro e Bianco.png Серенисима
1967–1972 Аталанта Аталанта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1972-1974 Аталанта Аталанта 58 (1)
1974-1988 Јувентус Јувентус 377 (24)
Репрезентација
1975-1986 Италија Италија 78 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Гаетано Ширеа (роден на 25 мај 1953 година во Чернуско сул Навиљо - починал на 3 септември 1989 во Бабск) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.

Играл на позицијата либеро, на која е препознат од спортскиот печат како еден од најголемите толкувачи во фудбалската историја,[1][2][3][4][5][6] а во исто време и икона на коректност и елеганција.[1][2][3][4][6][7]

Тој бил еден од симболите на Јувентус на тренерот Џовани Трапатони на преминот меѓу 1970-тите и 1980-тите години, како и негов капитен од 1983 до 1988 година. Ширеа заедно со голманот Дино Ѕоф, покривачот Клаудио Џентиле и бекот Антонио Кабрини - сите тројца негови клупски и репрезентативни другари -, формирале една од најдобрите одбранбени линии во историјата на овој спорт.[8] Со бјанконерите тој освоил седум титули шампион на Италија, станувајќи во исто време, заедно со веќе споменатиот Кабрини, прв играч кој ги освоил сите клупски натпреварувања на УЕФА;[9] тој, исто така, долго време го држел рекордот на настапи во историјата на клубот од Торино, со 552 натпревари.[N 1] Во дресот на италијанска репрезентација станал светски шампион на Мундијалот во 1982.

Во 2011 година, постхумно бил примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.[11]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во предградие на Милано, во скромно семејство составено од неговиот татко Стефано, ломбардијец со потекло од Сицилија,[12][13] работник во Pirelli,[14] и од неговата мајка Џудита, исто така од Ломбардија:[12] Гаетано бил третиот од четирите браќа. Тој се оженил со Мариела Кавана, подоцна италијански парламентарец на Forza Italia, а потоа и на UDEUR: од овој брак се родил Рикардо, единственото дете на двојката, кој во моментов е вработен во Јувентус како неговиот татко, само во овој случај во тренерскиот штаб на клубот.[15]

На 3 септември 1989 година,[16] како помошник тренер на Јувентус, На Ширеа му било доделено да присуствува на натпревар на следниот противник на бјанконерите во Купот на УЕФА, Гурник Забже, поради што тој отпатувал во Полска; со оглед на калибарот и неатрактивноста на противникот, и тој и тренерот Дино Ѕоф сметале дека таквиот потег е излишен,[17] но и двајцата се придржувале до одредбите на раководството на Јувентус.[18] За време на враќањето во Варшава, од каде што требало Ширеа да се качи на лет за Торино, тој бил придружуван од локален возач, преведувач и менаџерот на Горник, кога автомобилот во кој се наоѓале четворицата, Polski Fiat 125p, бил удрен од комбе во близина на Бабск, при што исто така се запалил поради четири канти со бензин што биле набиени во багажникот во случај на потреба. Од патниците, само менаџерот на полскиот клуб се спасил бидејќи седел на предното седиште: откако ја отворил вратата за време на сударот одзади, тој можел да излезе од возилото. За Ширеа, возачот и преведувачот, сударот бил фатален, со оглед на тоа што, според резултатите од обдукцијата, тие не се здобиле со повреди при ударот. Ширеа бил изваден од автомобилот и пренесен во блиската болница во Рава Мазовиецка, но поради тешките изгореници, лекарите не можеле а да не ја констатираат неговата смрт.[19]

Несреќата се случила во недела попладне, а веста за смртта на Ширеа истата вечер била соопштена во Италија од Сандро Чиоти во емисијата Domenica Sportiva,[20] предизвикувајќи вознемиреност кај гостите во студиото, вклучувајќи го и поранешниот соиграч на Ширеа, Марко Тардели. Тој бил погребан на гробиштата во Морсаско, градот од кој потекнува неговата сопруга Мариела.[21]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Ширеа ја избива топката пред противничкиот напаѓач, за време на натпреварот меѓу Рома и Јувентус во сезоната 1974-1975.

Ширеа бил модерен и високо талентиран дефанзивец, надарен со одлични технички вештини и тактички способности, кој бил познат по своето темпо, елеганција со топката и вродена способност да ја чита играта.[22][23] За разлика од немилосрдните тактики што често ги користеле другите дефанзивци, вклучително и неговиот партнер во одбраната, Клаудио Џентиле, Ширеа бил познат по својата класа, фер-плеј и спортски дух. Ширеа никогаш во кариерата не заработил црвен картон.[22][24][25] Тој бил познат и по неговото лидерство, служејќи како капитен и на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Иако во својте рани денови од кариерата играл во средниот ред, тој ја поминал речиси целата своја сениорска кариера играјќи на позицијата либеро, или свипер (на англиски), и придонел за развојот на позицијата, поради неговата визија, смиреност со топката и додавања. Така, покрај тоа што му помагал на својот тим во одбрана, тој често се одвојувал од одбранбената линија и за придонесувал напаѓачкиот потенцијал на неговиот тим, најчесто помагајќи при развивањето на акциите, а понекогаш дури и самиот тој постигнувал голови.[22][23][26] Во подоцнежниот дел од кариерата, кога го загубил темпото, Ширеа играл во подефанзивна улога како централен одбранбен играч.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Аталанта[уреди | уреди извор]

Ширеа како млад, за време на почетоците на својата кариера со Аталанта во раните 1970-ти.

Вљубеник во фудбалот како дете следејќи ја ерата на Гранде Интер,[27] првата топка Ширеа ја „шутнал“ во спортската група Серенисима во Чинизело Балсамо, каде во локалниот фудбал 7 тим играл како напаѓач од 1963 до 1967 година.[28] Тогашниот менаџер на Серенисима, Џовани Кримела, во 1967 година го одвел Ширеа во младинскиот тим на Аталанта [28], каде што првично бил распореден како десно крило, улога во која благодарение на неговиот одличен допир со топката и елеганцијата во трчањето[29] успеал да постигне голем број на голови.[30]; сепак неговата одлична визија за играта често го водела до тоа да се централизира и, поради оваа причина, со текот на времето бил принуден да игра како внатрешен играч од средниот ред.[30]

Кога бил на воена возраст играјќи во Примавера тимот (додека наизменично го менувал фудбалот со работа во работилницата на неговиот вујко во Чернуско сул Навиљо, занимање што го задржал дури и по неговото деби во Серија А[31]), тренерот Иларио Кастањер редовно го распоредувал како либеро играјќи покрај стоперот Антонио Перкаси, идниот претседател на Аталанта. Сепак, Ширеа не ја толкуваше дословно новата улога, туку станал вистински организатор на играта на Примавера тимот на Аталанта, со чести вметнувања во средината на теренот, до прагот на противничкото поле.[30]

Ширеа на тренинг со Аталанта.

Своето деби во Серија А, Гаетано Ширеа го направил на 24 септември 1972 година, во натпреварот Каљари - Аталанта 0-0, во кој тој го замени повредениот играч кој играл на позицијата либери Џанкарло Савоја.[32] импресионирајќи со самодовербата со која ја играл улогата што неодамна почнал да ја исполнува.[32] Во текот на првенството се појавиле различни дискусии во клубот од Бергамо и во медиумите поради тоа што Ширеа бил користен како дефанзивец и покрај неговите вештини во средината на теренот,[32] а меѓудругото и поради фактот што самиот играч кога бил испрашуван изразил желба да игра во улогата на мецала.[32] По уште еден натпревар како стартер (натпреварот 0-0 на домашен терен против Наполи) Ширеа ја загубил позицијата либеро во стартната постава, и е заменет со повратникот Савоја[33]; сепак, по само еден натпревар (поразот со 9-3 на гистувањето кај Милан) тој продолжил да игра како стартер, во улогата на либеро или по потреба како мецала.[34].

Откако одиграл вкупно 20 натпревари во првата лига и 2 натпревари во Купот на Италија, тој исто така останал во Бергамо следната сезона, во која бергамаските се натпреварувале во Серија Б, по испаѓањето само поради полошата гол-разлика во претходната сезона.[35]. Во првото коло од првенството, Ширеа го одиграл последниот натпревар како играч од средниот ред во дресот на Аталанта, во поразот од Комо со 1-0,[36], но веќе од второто коло, со одлука на новиот тренер на нероаѕурите Ериберто Ерера тој бил трајно поставен во улогата на либеро во одбраната.[37] Тој ги одиграл сите 38 првенствени натпревари и постигнал еден гол, на 12 мај 1974 година во поразот со 2-1 на гостувањето кај Бриндизи.[38] Исто така, учествувал во 10 натпревари во Купот на Италија, настан во кој тој исто така постигнал гол на 27 март 1974 година во натпревар добиен со 1-0 против Интер во полуфиналната рунда.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Новиот тренер на Јувентус, Карло Парола, позира заедно со новите засилувања на бјанконерите Ширеа (лево) и Оскар Дамијани (десно).

Благодарение на привилегираниот канал што тогаш постоел помеѓу Аталанта и Јувентус, клубот од Торино, кој веќе го држел под опсервација уште од неговото деби во највисоката лига, го купил Ширеа од претседателот Бортолоти во летото 1974 година заедно со договор за ко-сопственост над Џулијано Музиело за сума од 700 милиони лири плус Џорџо Мастропасква и Џанпјетро Маркети.[39]

Во клубот од областа Пиемонт барале замена за Сандро Салвадоре, кој бил блиску до пензија, а младиот Ширеа веднаш се чинел соодветен:[40] вметнат во сигурната и квалитетна одбранбена линија составена од Антонело Кукуреду, Клаудио Џентиле, Лучано Спинози и Франческо Морини, дваесет и едногодишниот играч веднаш се вклопил во амбиентот и одиграл 28 од 30-те натпревари во сезоната 1974-1975, станувајќи постојан стартер и освојувајќи ја својата прва првенствена титула, шеснаесетта за бјанконерите во клупската историја.

Ширеа (најдесно) во дресот на Јувентус, изведува лизачки старт против Франческо Грацијани од Торино во Градското дерби.

Тој бил меѓу протагонистите во тимот на Јувентус во сезоната 1976-1977, кој освоил две титули, во комбинација скудето - Куп на УЕФА. Скудетото било освоено со 51 бод - што во тоа време, претставувало рекорд за турнир во кој се натпреварувале 16 екипи, пришто за победа се доделувале 2 бода - по исцрпувачка битка за врвот која траела во текот на целото првенство против градските ривали Торино, кои на крајот завршиле со само еден бод помалку; Купот на УЕФА, освоен во тешкото двомеч финале против шпанскиот Атлетик Билбао, било првото конфедерациско натпреварување освоено од Јувентус.

Ширеа (лево) со капитенската лента на Јувентус, заедно со соиграчот Масимо Бонини, во пријателски натпревар против данскиот клуб Фрем во август 1986.

Во сезоната 1981-1982, Ширеа придонел за освојувањето на дваесеттото скудето во историјата на торинската екипа, што им дало право да се пофалат со втора ѕвезда на дресовите. Освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1982-1983, на Јувентус му ги отворил вратите за следниот европски трофеј, Купот на победниците на куповите, во кој бјанконерите триумфирале совладувајќи го Порто со 2-1 во финалето во Базел на 16 мај 1984 година. Тоа било второ европско одличје за италијанскиот клуб и за Ширеа, кој исто така го освоиле и првенството 1983-1984, шестто за Ширеа во кариерата и дваесет и прво за клубот. На личен план, со падот предизикан од возраста во игрите на Џузепе Фурино, од летото 1983 година, Ширеа станал капитен на екипата на Јувентус.[41] 1985 била година на Европскиот куп на шампиони, кој бјанконерите го освоиле во трагичното финале во Брисел на стадионот Хејсел против англискиот Ливерпул, кој веќе бил победен во јануари истата година во Суперкупот на УЕФА. Годината била заокружена со победата во Токио на 8 декември, против јужноамериканскиот шампион Аргентинос Хуниорс во Интерконтиненталниот куп, што му овозможило на Ширеа како капитен на Јувентус да го подигне и овој пехарот.

Тој се повлекол од фудбалот на 35-годишна возраст, на крајот на сезоната 1987-1988, по 377 првенствени или вкупно 552 натпревари одиграни со црно-белиот дрес. Со клубот од Пиемонт, тој освоил вкупно 7 национални првенства, 2 Купа на Италија, еден Куп на шампиони, еден Куп на победниците на куповите, еден Куп на УЕФА, еден Суперкуп на УЕФА и еден Интерконтинентален куп, станувајќи првиот играч во историјата, заедно со неговиот соиграч Антонио Кабрини,[42] кој ги освоил сите официјални клупски фудбалски натпреварувања[N 2] и придонесувајќи, во исто време, да го направи Јувентус првиот тим што може да се пофали со трофеите од сите турнири организирани од УЕФА во својте витрини.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Ширеа го направил своето деби во италијанската репрезентација на 30 декември 1975 година, на 22-годишна возраст, во пријателскиот натпревар Италија - Грција (3-2), додека селекцијата ја воделе Енцо Беарзот и Фулвио Бернардини; тој го постигнал својот прв гол за аѕурите на 19 април 1980 година, во пријателски натпревар што завршил 2-2 против Полска.

Ширеа (горе, третиот од лево) со италијанската репрезентација, која го освоила Мундијалот 1982.

Под водство само на Беарзот, тој учествувал на Светското првенство 1978 во Аргентина, каде Италија завршила на четвртото место; на Европското првенство 1980 на кое домаќин била Италија, каде „аѕурите“ повторно завршиле четврти; на Светското првенство 1982 во Шпанија,[43] на кое Италија станала светски шампион победувајќи ја во финалето Западна Германија со 3-1 - Ширеа дефинитивно се наметнал како еден од најдобрите дефанзивци во светот[44] —; и конечно, како капитен на тимот со 33 години, тој настапил на Светското првенство 1986 во Мексико, кое воедно го означило и крајот на неговата репрезенативна кариера, кој се совпаднал со елиминацијата во осминафиналето од Франција (2-0) на 17 јуни 1986 година.

Вкупно за италијанската репрезентација има 78 натпревари (10 како капитен)[45] и 2 гола. Моментално го зазема 16-тото место (изедначен со Алесандро Неста) по бројот на настапи за својата земја.

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
30-12-1975 Фиренца Италија Италија 3 – 2 Грција Грција Пријателска -
22-9-1976 Копенхаген Данска Данска 0 – 1 Италија Италија Пријателска -
25-9-1976 Рим Италија Италија 3 – 0 Југославија Југославија Пријателска -
22-12-1976 Лисабон Португалија Португалија 2 – 1 Италија Италија Пријателска -
26-1-1977 Рим Италија Италија 2 – 1 Белгија Белгија Пријателска -
21-12-1977 Лиеж Белгија Белгија 0 – 1 Италија Италија Пријателска -
25-1-1978 Мадрид Шпанија Шпанија 2 – 1 Италија Италија Пријателска -
8-2-1978 Неапол Италија Италија 2 – 2 Франција Франција Пријателска -
18-5-1978 Рим Италија Италија 0 – 0 Југославија Југославија Пријателска -
2-6-1978 Мар дел Плата Италија Италија 2 – 1 Франција Франција СП 1978 - Прва фаза -
6-6-1978 Мар дел Плата Италија Италија 3 – 1 Унгарија Унгарија СП 1978 - Прва фаза -
10-6-1978 Буенос Аирес Италија Италија 1 – 0 Аргентина Аргентина СП 1978 - Прва фаза -
14-6-1978 Бурнос Аирес Западна Германија Западна Германија 0 – 0 Италија Италија СП 1978 - Втора фаза -
18-6-1978 Буенос Аирес Италија Италија 1 – 0 Австрија Австрија СП 1978 - Второ фаза -
21-6-1978 Буенос Аирес Холандија Холандија 2 – 1 Италија Италија СП 1978 - Втора фаза -
24-6-1978 Буенос Аирес Бразил Бразил 2 – 1 Италија Италија СП 1978 - за 3. место - 4. место
20-9-1978 Торино Италија Италија 1 – 0 Бугарија Бугарија Пријателска -
23-9-1978 Фиренца Италија Италија 1 – 0 Турција Турција Пријателска - заменет 46'
8-11-1978 Братислава Чехословачка Чехословачка 3 – 0 Италија Италија Пријателска -
21-12-1978 Рим Италија Италија 1 – 0 Шпанија Шпанија Пријателска -
24-2-1979 Милано Италија Италија 3 – 0 Холандија Холандија Пријателска -
26-5-1979 Рим Италија Италија 2 – 2 Аргентина Аргентина Пријателска -
13-6-1979 Загреб Југославија Југославија 4 – 1 Италија Италија Пријателска -
26-9-1979 Фиренца Италија Италија 1 – 0 Шведска Шведска Пријателска -
17-11-1979 Удине Италија Италија 2 – 0 Швајцарија Швајцарија Пријателска - заменет 82'
16-2-1980 Неапол Италија Италија 2 – 1 Романија Романија Пријателска -
15-3-1980 Милано Италија Италија 1 – 0 Уругвај Уругвај Пријателска -
19-4-1980 Торино Италија Италија 2 – 2 Полска Полска Пријателска 1
12-6-1980 Милано Италија Италија 0 – 0 Шпанија Шпанија Евро 1980 - Прва фаза -
15-6-1980 Торино Италија Италија 1 – 0 Англија Англија Евро 1980 - Прва фаза -
18-6-1980 Рим Италија Италија 0 – 0 Белгија Белгија Евро 1980 - Прва фаза -
21-6-1980 Неапол Чехословачка Чехословачка 1 – 1 прод.
(9 – 8 пен.)
Италија Италија Евро 1980 - за 3. место - 4. место
24-9-1980 Џенова Италија Италија 3 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
11-10-1980 Луксембург Луксембург Луксембург 0 – 2 Италија Италија Квал. за СП 1982 -
1-11-1980 Рим Италија Италија 2 – 0 Данска Данска Квал. за СП 1982 -
15-11-1980 Торино Италија Италија 2 – 0 Југославија Југославија Квал. за СП 1982 -
6-12-1980 Атина Грција Грција 0 – 2 Италија Италија Квал. за СП 1982 1
3-1-1981 Уругвај Уругвај Уругвај 2 – 0 Италија Италија Мундијалито -
6-1-1981 Уругвај Холандија Холандија 1 – 1 Италија Италија Мундијалито -
25-2-1981 Рим Италија Италија 0 – 3 Европа Европа Пријателска -
19-4-1981 Удине Италија Италија 0 – 0 Источна Германија Источна Германија Пријателска -
3-6-1981 Копенхаген Данска Данска 3 – 1 Италија Италија Квал. за СП 1982 -
23-9-1981 Болоња Италија Италија 3 – 2 Бугарија Бугарија Пријателска -
17-10-1981 Белград Југославија Југославија 1 – 1 Италија Италија Квал. за СП 1982 -
14-11-1981 Торино Италија Италија 1 – 1 Грција Грција Квал. за СП 1982 -
5-12-1981 Неапол Италија Италија 1 – 0 Луксембург Луксембург Квал. за СП 1982 -
23-2-1982 Париз Франција Франција 2 – 0 Италија Италија Пријателска -
14-4-1982 Лајпциг Источна Германија Источна Германија 1 – 0 Италија Италија Пријателска -
28-5-1982 Женева Швајцарија Швајцарија 1 – 1 Италија Италија Пријателска -
14-6-1982 Виго Италија Италија 0 – 0 Полска Полска СП 1982 - Прва фаза -
18-6-1982 Виго Италија Италија 1 – 1 Перу Перу СП 1982 - Прва фаза -
23-6-1982 Виго Италија Италија 1 – 1 Камерун Камерун СП 1982 - Прва фаза -
29-6-1982 Барселона Италија Италија 2 – 1 Аргентина Аргентина СП 1982 - Втора фаза -
5-7-1982 Барселона Италија Италија 3 – 2 Бразил Бразил СП 1982 - Втора фаза -
8-7-1982 Барселона Италија Италија 2 – 0 Полска Полска СП 1982 - Полуфинале -
11-7-1982 Мадрид Италија Италија 3 – 1 Западна Германија Западна Германија СП 1982 - Финале - 3. титула
27-10-1982 Рим Италија Италија 0 – 1 Швајцарија Швајцарија Пријателска -
13-11-1982 Милано Италија Италија 2 – 2 Чехословачка Чехословачка Квал. за Евро 1984 -
12-2-1983 Лимасол Кипар Кипар 1 – 1 Италија Италија Квал. за Евро 1984 -
16-4-1983 Букурешт Романија Романија 1 – 0 Италија Италија Квал. за Евро 1984 -
29-5-1983 Гетеборг Шведска Шведска 2 – 0 Италија Италија Квал. за Евро 1984 -
4-2-1984 Рим Италија Италија 5 – 0 Мексико Мексико Пријателска - Captain sports.svg заменет 52'
22-5-1984 Цирих Западна Германија Западна Германија 1 – 0 Италија Италија Пријателска -
26-5-1984 Торонто Канада Канада 0 – 2 Италија Италија Пријателска - заменет 82'
30-5-1984 Њујорк САД САД 0 – 0 Италија Италија Пријателска -
26-9-1984 Милано Италија Италија 1 – 0 Шведска Шведска Пријателска - Captain sports.svg
3-11-1984 Лозана Швајцарија Швајцарија 1 – 1 Италија Италија Пријателска - Captain sports.svg
5-2-1985 Даблин Ирска Ирска 1 – 2 Италија Италија Пријателска -
13-3-1985 Атина Грција Грција 0 – 0 Италија Италија Пријателска -
3-4-1985 Асколи Пичено Италија Италија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
25-9-1985 Лече Италија Италија 1 – 2 Норвешка Норвешка Пријателска -
16-11-1985 Хожув Полска Полска 1 – 0 Италија Италија Пријателска - Captain sports.svg заменет 46'
26-3-1986 Удине Италија Италија 2 – 1 Австрија Австрија Пријателска - Captain sports.svg
11-5-1986 Неапол Италија Италија 2 – 0 Кина Кина Пријателска - Captain sports.svg заменет 60'
31-5-1986 Мексико Италија Италија 1 – 1 Бугарија Бугарија СП 1986 - Прва фаза - Captain sports.svg
5-6-1986 Пуебла Италија Италија 1 – 1 Аргентина Аргентина СП 1986 - Прва фаза - Captain sports.svg
10-6-1986 Пуебла Италија Италија 3 – 2 Јужна Кореја Јужна Кореја СП 1986 - Прва фаза - Captain sports.svg
17-6-1986 Мексико Франција Франција 2 – 0 Италија Италија СП 1986 - Осминафинале - Captain sports.svg
Вкупно Настапи (16. место) 78[46] Голови 2

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

По пензионирањето, Ширеа решил да продолжи со фудбалската кариера како тренер. Штом ја добил лиценцата во Коверчано, во летото 1988 година Џампјеро Бониперти му ја понудил улогата на помошник тренер на Јувентус, како соработник на Дино Ѕоф на барање на вториот.[40] Поранешниот либеро на Јувентус ја прифатил понудата, правејќи се себеси достапен за улогата на опсерватор за фриулијанскиот тренер, негов пријател и поранешен соиграч во Јувентус и во националниот тим на Италија; сепак, пред да потпише, Реџина на Лило Фоти се обидела да го убеди да дојде во нивните редови како главен тренер на тимот кој тогаш се натпреварувал во Серија Б, предизвикувајќи силен интерес кај Ширеа, кој на крајот сепак го одбрал Јувентус.[47] Тој ја задржил позицијата помошник-тренер во Јувентус нешто повеќе од една година, до предвремената смрт. На крајот на сезоната 1989-1990 година, Ѕоф и тимот се организирале посвета во чест на сеќавањето на Ширеа по победата во финалето на Купот на Италија против Милан.

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1972-1973 Италија Аталанта А 20 0 КИ 2 0 - - - - - - 22 0
1973-1974 Б 38 1 КИ 10 1 - - - - - - 48 2
Вкупно Аталанта 58 1 12 1 - - - - 70 2
1974-1975 Италија Јувентус А 28 0 КИ 10 2 КУ 10 0 - - - 48 2
1975-1976 А 30 0 КИ 4 0 КШ 4 0 - - - 38 0
1976-1977 A 30 1 КИ 5 0 КУ 12 1 - - - 47 2
1977-1978 А 29 0 КИ 0 0 КШ 8 0 - - - 37 0
1978-1979 А 30 2 КИ 9 0 КШ 2 0 - - - 41 2
1979-1980 А 29 4 КИ 4 0 КПК 7 1 - - - 40 5
1980-1981 А 29 4 КИ 8 0 КУ 4 1 ТК 2 0 43 5
1981-1982 А 30 5 КИ 4 0 КШ 4 0 - - - 38 5
1982-1983 А 30 3 КИ 12 1 КШ 9 0 - - - 51 4
1983-1984 А 30 2 КИ 7 1 КПК 9 0 - - - 46 3
1984-1985 А 30 2 КИ 9 0 КШ 9 0 СУ 1 0 49 2
1985-1986 А 25 0 КИ 5 0 КШ 5 0 ИнтК 1 0 36 0
1986-1987 А 21 0 КИ 7 1 КШ 1 0 - - - 29 1
1987-1988 А 6 1 КИ 4 0 КУ 1 0 - - - 11 1
Вкупно Јувентус 377 24 88 5 85 3 4 0 554 32
Вкупно во кариерата 435 25 100 6 85 3 4 0 624 34

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус
1974-1975, 1976-1977, 1977-1978, 1980-1981, 1981-1982, 1983-1984, 1985-1986
1978-1979, 1982-1983
1976-1977
1983-1984
1984
1984-1985
1985

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Италија Италија
Шпанија 1982

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Рекордот подоцна бил надминат од Алесандро Дел Пјеро во 2008.[10]
  2. Подоцна само италијанците Серџо Брио и Стефано Такони, исто така со Јувентус, и холанѓаните Арнолд Мирен и Дани Блинд од Ајакс успеале да ги освојат сите натпреварувања на УЕФА.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Gianni Brera (1 јули 1992). „Il furore sportivo sovietico ci mancherà“. la Repubblica. Посетено на 27 јануари 2010.
  2. 2,0 2,1 Bartoletti, p. 837.
  3. 3,0 3,1 „Il comandante eclettico pianto e rimpianto da tutti“. La Stampa. 12 јануари 2004. стр. 42.
  4. 4,0 4,1 „Scirea remembered as Italy seek repeat“ (англиски). 9 july 2006. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Italy's greatest defenders“ (англиски). 31 мај 2010.
  6. 6,0 6,1 „Remembering Scirea, Juve's sweeper supreme“ (англиски). 3 септември 2014. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  7. Maurizio Nicita (4 јануари 2008). „«Come Scirea non c'è nessuno»“. La Gazzetta dello Sport.
  8. Rizzo, p. 696.
  9. 9,0 9,1 „Lahm e i suoi fratelli: i giocatori mai espulsi“. 8 февруари 2017.
  10. „Del Piero, 552 senza tempo“. 24 март 2008.
  11. „La 'Hall of Fame del calcio italiano' si arricchisce di altre dieci stelle“. 25 ottobre 2016. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. 12,0 12,1 Chiellini, Sapegno.
  13. Debora Milone (2019-05-25). „Gaetano Scirea, libero gentiluomo“.
  14. Luigi Garlando (3 септември 1999). „L'esempio di Scirea, una favola che vive“. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 15 март 2014.
  15. Maurizio Crosetti (10 октомври 2016). „In panchina chiamandosi Scirea: "Il calcio avrebbe bisogno di papà".
  16. „Da Meroni a Scirea, quando la strada è un pericolo mortale“. 4 август 1993. Архивирано од изворникот на 6 декември 2013. Посетено на 13 март 2014. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  17. Maurizio Crosetti (1 септември 2009). http://www.repubblica.it/2009/05/rubriche/la-storia/zoff-scirea/zoff-scirea.html?ref=search. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  18. Maurizio Mosca (3 септември 2009). „Ah, come mi manca Scirea...“.
  19. Andrea Tarquini (1989-09-05). „Scirea è morto per un sorpasso“. la Repubblica.
  20. „27 anni fa l'addio a Scirea: l'annuncio di Ciotti“. 3 септември 2016.
  21. Antonio Conti (4 септември 1995). „Ieri per Scirea. Ricordo a 6 anni dalla scomparsa“. La Stampa. стр. 27.
  22. 22,0 22,1 22,2 Marino Bortoletti. „SCIREA, Gaetano“ (италијански). Treccani: Enciclopedia dello Sport. Посетено на 13 March 2017.
  23. 23,0 23,1 Stefano Bedeschi (25 May 2013). „Gli eroi in bianconero: Gaetano SCIREA“. tuttojuve.com (италијански). Посетено на 13 April 2015.
  24. „Gaetano Scirea Campione di semplicità“ (италијански). Storie di Calcio. Посетено на 31 December 2014.
  25. „Iniesta e i suoi fratelli: i giocatori mai espulsi“ (италијански). UEFA.com. 1 April 2008. Посетено на 27 December 2018.
  26. Sconcerti, Mario (23 November 2016). „Il volo di Bonucci e la classifica degli 8 migliori difensori italiani di sempre“. Il Corriere della Sera (италијански). Посетено на 27 December 2016.
  27. „Gaetano Scirea tifoso Inter: "Allo stadio con la bandiera". 12 мај 2020.
  28. 28,0 28,1 „Gaetano Scirea“ (pdf). Посетено на 15 март 2014.
  29. Corbani, Serina, L'Atalantina, p. 376.
  30. 30,0 30,1 30,2 Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 278.
  31. Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 504.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 270.
  33. Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 271.
  34. Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 272.
  35. „Scirea, un libero alla Suarez“. Stampa Sera. 29 јули 1974. стр. 22. Посетено на 21 ноември 2013.
  36. Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 277.
  37. Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 279.
  38. Corbani, Serina, L'Atalantina, p. 178.
  39. Corbani, Serina, La storia di Corbani, p. 281.
  40. 40,0 40,1 Предлошка:DBI
  41. „Platini: «Contro l'Inter non si può più sbagliare»“. Stampa Sera. 11 јуни 1983. стр. 21.
  42. „Juve, sei proprio la più grande“. La Stampa. 9 декември 1985. стр. 15.
  43. Bruno Perucca (13 јули 1992). „La pagella dei ricordi“. La Stampa. стр. 11.
  44. Tavella, Ossola, p. 414.
  45. „Gaetano Scirea“. Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help)
  46. Изедначен со Алесандро Неста.
  47. Vanni Zagnoli (3 септември 2014). „Venticinque anni fa moriva Scirea, la moglie Mariella lo ricorda in silenzio“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]