Гаврил Светогорец
Гаврил Епископ Велички Светогорец | |
|---|---|
| Роден(а) | 10 март 1926 Штип, Кралство СХС |
| Починал(а) | 12 јануари 1990 Лесновски манастир, СФРЈ |
| Канонизација | 28 мај 2017, Црква „Св. Никола“ - Штип од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан |
Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец (роден на 10 март 1926 во Штип - починал на 12 јануари 1990 во Лесновски манастир) — македонски православен светец и епископ.
Животопис
[уреди | уреди извор]Отецот Гаврил е роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип, каде завршил гимназија. Дипломирал во 1955 година на Факултетот за ликовни уметности во Белград и на Богословскиот факултет во Скопје. Парнаџиев работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Во 1963 година ја оставил световната служба и заминал на Света Гора, каде што се здобил со големо аскетско искуство, избегнувајќи контакти со луѓето. Таму бил замонашен во манастирот „Свети Павле“ со монашко име Гаврил. Во Македонија се вратил во 1971 година каде престојувал во повеќе манастири. Во декември 1975 г. бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. За време на монашкиот живот, отецот Гаврил речиси никогаш не спиел, а кога спиел, тоа го правел лежејќи на земја или на рогозина. Истовремено, постел многу строго поради што бил многу слаб, но се одликувал со голема виталност и енергија. Бидејќи ги претпочитал тишината и молитвата, често ги користел двете блиски пештери.[1] На 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица во 1989 година бил хиротонисан за епископ со титулата „Велички“.
Кон крајот на мај 2017 година од страна на МПЦ-ОА бил прогласен за светец.[2]
Отецот Гаврил си ја предвидел смртта и самиот си отслужил 40 заупокоени литургии. Починал на 12 јануари 1990 година, со Евангелието, со крстот на градите и со бројаницата во раката. Бил погребан зад олтарниот дел на манастирот, поркај својот телесен татко и духовен син, монахот Кирил.[3]
Творештво
[уреди | уреди извор]- „Стихозбирка“ (1975);
- „Света Гора – небесна земја“ (1978);
- „Пред најголемиот јубилеј на човекот“ (1980);
- „Правила и одредби на Православната црква за постот“ (1994);
- „Отец Херувим“ (1997);
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички“, Слободен печат, година XIV, број 3636, понеделник, 12 јануари 2026, стр. 24.
- ↑ Гаврил Светогорец епископот Велички во Штип беше прогласен за светец[мртва врска]
- ↑ „Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички“, Слободен печат, година XIV, број 3636, понеделник, 12 јануари 2026, стр. 24.
| |||||||||||||