Гаврил (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian cross.svg
Гаврил
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Архиепископ од околу 1580
Архиепископ до {{{term_end}}}
Претходник {{{predecessor}}}
Наследник Теодул II
Роден 16 век
Починал 16 век
Други архиепископи со име Гаврил

Гаврил — православен свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1572 до 1588 година и повторно од 1592 до 1593 година.[1]

Гаврил е роден во Јанина, Епир. Во текот на 1582 година учествувал во црковен собор во Цариград, на кој го осудил Грегоријанскиот календар. Во 1585 година зел учество на друг собор, на кој бил отстранет цариградскиот патријарх Пахомиј II. Во текот на 1586-1587 година бил на патување во Русија и Западна Европа, за да собере дарови за црквата.

Писмото на Гаврил до Фердинанд и печатот на Охридската архиепископија од 1587 година.

Во Русија отпатувал во придружба на пелагониско-прилепскиот митрополит Еремиј, гребенскиот митрополит Софрониј, со повеќе архимандрити, архиѓаконии тринаесет слуги. Престојот се совпандал со чинот кога Московската митрополија прераснала (1593) во патријаршија и се стекнала со афтокефалност. За време на престојот во Русија (1582-1587). Московската патријаршија му дала материјална помош на архиепископот Гаврил како на поглавар на помесна автокефална црква. За опустошениот манастир „Св. Маченица Параскева“ во село Велгошти, Охридско, кој се наоѓал во „Македонија до албанските земји“, рускиот цар Теодор Иванович му дал 60.000 аспри парична помош. Од Русија заминал за Полска. Бил примен од полскиот крал Стефан Батори. Оттука заминал за Австрија (1587). Во Прага се задржал летото 1588 година, кога заминал за Германија, а подцна и за Рим, каде бил примен од папата Сикст V. На овие патувања архиепископот добил парична но не и политичка помош.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 
  2. М. Миновски, Врските на охридскиот архиепископ Гаврил со Австрија,„Гласник на ИНИ“,XVII, 3 Скопје, 1973
  3. Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, книга 8 Скопје, 2002