Габриела Стојаноска-Станоеска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Габриела Стојаноска-Станоеска (1978, Прилеп) е македонска поетеса, драмска авторка, книжевна критичарка и есеистка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Габриела Стојаноска-Станоеска дипломирала и магистрирала на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.[1] Работи како професор по македонски јазик, а истовремено, таа е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“, во издание на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Творештво[уреди | уреди извор]

Стојаноска-Станоеска пишува поезија, проза, драма, есеи и рецензии и објавува во повеќе печатени и електронски списанија. Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II., „Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје), „Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019) и други. Исто така, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Стојаноска-Станоеска е авторка на следниве дела:[3]

  • „Гола“ (Арлекин-ГФ, Прилеп, 2007)
  • „Приказни за краткоста – раска(з)(ж)и за своја душа“ (Сигмапрес, Скопје, 2019)
  • „Кусиот расказ и сонот“ (Сигмапрес, Скопје, 2018)
  • „Драми (Трудници / Тајни)“ (Прилеп, 2020)

Награди[уреди | уреди извор]

  • Прва награда на конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“;
  • Две први награди на двата конкурса за краток-краток расказ на интернет порталот Окно;
  • Откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“;
  • Трета награда на конкурсот за краток расказ на Фондот на холокаустот на Евреите на Македонија;
  • „Македонска книжевна авангарда“;

Добитник е и на награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, „Маџирмаалски поетски бранувања“, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 249-252.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.