Генерален урбанистички план
Генерален урбанистички план се донесува за градот Скопје и за градовите кои се седишта на општини утврдени со закон.[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Генералниот урбанистички план содржи текстуален дел и графички приказ на планските решенија, како и бројчен дел со билансни показатели.[1]
Графички дел[уреди | уреди извор]
Графичките прикази од ГУП-от содржат:
- граница на планскиот опфат која претставува граница на градот,
- граници на зони според намената на земјиштето и општиот режим на градење и употреба,
- примарна сообраќајна мрежа со нивелманско решение,
- примарни водови и градби од сите градски инфраструктури,
- граници на урбани подрачја за детално планирање на просторот,
- граници на споменички целини и други заштитени подрачја и
- други податоци потребни за планските решенија.
Текстуален дел[уреди | уреди извор]
Текстуалниот дел од ГУП-от содржи:
- цел и средства на планските решенија,
- општи и посебни услови за просторен развој,
- параметри за спроведување на планот,
- плански услови за детално планирање на просторот,
- стратешка процена на влијание врз животната средина,
- мерки за заштита на културното наследство,
- природата и животната средина,
- мерки за заштита од разурнувања и
- други податоци за планските решенија.
Бројчени дел[уреди | уреди извор]
Бројченот дел на ГУП-от содржи:
- бројчени податоци за површините на градежното земјиште,
- наменска употреба на земјиштето во рамките на регулациона линија,
- густината и површината на планираната изградба,
- податоци за инфраструктурните водови и градби и
- други податоци за планските решенија.
Податоците за постојната состојба, можностите за просторен развој и програмските проекции за просторниот развој претставуваат документациона основа на генералниот урбанистички план, која е прилог на планот.[1]
Генералните урбанистички планови во чиј плански опфат постојат споменици, споменички целини, културни предели и други заштитени добра со статус на културно наследство, треба да содржат детални параметри за заштита на недвижното културно наследство.
Методологија за донесување на ГУП[уреди | уреди извор]
Генералниот урбанистички план, се донесува врз основа на издадени услови за планирање на просторот согласно со закон.[1]
Извори[уреди | уреди извор]
Извори[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Закон за просторно и урбанистичко планирање“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2010-04-02.