Васил Пасков

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вaсил Пасков)
Прејди на: содржини, барај
Вaсил Пасков
Vasil Paskov from Osikovo.jpg
македонски револуционер
Роден 3 јануари 1874
Осиково, денес Бугарија
Починал 9 септември 1934
Велинград, Бугарија

Вaсил Пасков (3 јануари 1874, Осиково - 9 септември 1934, Велинград) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пасков бил роден во 1874 година во Неврокопско село Осиково, тогаш во Отоманската империја, денес во Бугарија. Во 1893 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1898 година - историја на Софискиот универзитет. Бил деец на Бугарската демократска партија, а во периодот меѓу 1895 до 1897 година бил одговорен уредник на весникот „Знаме“.

Во 1899 година станал учител во егзархиската гимназија во Битола. Таму се приклучи кон Организацијата и бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет, заедно со Неделко Дамјанов, Аце Дорев, Георги Пешков и Георги Поп Христов. Учествувал во уредувањето на весникот „На оружје“. Георги Поп Христов за него истакнува:

Пасков поседуваше красноречие и со своите беседи пред групните началници, со патриотските прикаско, кои што ги држеше во Неделното училиште, помогна не малку да се подигне револуционерниот дух. Ова даде повод да биде осомничен од полицијата и да биде вмешан во аферата за убиството на поп Ставре[1].

Како осомничен од властите тој бил протеран од Битола и станал главен учител во егзархиското училиште во Ново Село. Во август 1900 година Пасков при разврзувањето на Попставревата афера бил уапсен и осуден на 12 години затвор. Лежел во Куршумли ан во Скопје, но во 1902 година бил амнестиран и се преселил во Неврокоп, каде што ја продолжил својата револуционерна дејност. При повторен обид за апсење станал нелегален.

Заминал за Одринско, испратен од Централниот комитет, каде што продолжил да се занимава со револуционерна дејност. Бил делегат на конгресот на Петрова нива и бил избран за негов претседател. Пасков бил назначен за главен интендант во Бургас.

По Илинденското востание, Пасков отишол во Софија и од 1904 година го уредувал Револуционерен лист. Од ноември 1907 година заедно со Пејо Јаворов и Петко Пенчев, го уредувале весникот „Илинден“, кој излегувал до средината на 1908 година. Пасков е меѓу противниците на Сандански. Од 1908 до 1924 година е главен уредник на весникот "Прјапорец".

Умрел на 9 септември 1934 година во Велинград[2][3][4].

Статии од Пасков[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Спомени на Георги Попхристов
  2. Биографични данни от библиотека на ВМРО-София]
  3. Николов, Борис. „Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник”. София, 2001, стр. 124.
  4. Енциклопедия Пирински край, том ІІ, Благоевград, 1999, стр. 100