В село се чешма градеше
„В село се чешма градеше“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 2:18 (Танец) |
„В село се чешма градеше“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојаси чешма која била градена во некое село и за веселбата на селаните околу чешмата.
Текст[уреди | уреди извор]
-В село се чешма градеше,
голем се џумбуш правеше.
Лиду, лиду лиду, ли ду ду,
голем се џумбуш правеше.
В село се чешма градеше,
на крај село до јаворот.
Лиду, лиду лиду, ли ду ду,
на крај село до јаворот.
Каков им беше мајсторот,
чешмата што ја направи?
Лиду, лиду лиду, ли ду ду,
чешмата што ја направи.
Чешмата што ја направи,
како ѝ тури чепурот.
Лиду, лиду лиду, ли ду ду,
како ѝ тури чепурот.