Вљубени и злобни

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вљубени и Злобни)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вљубени и злобни
Жанрдрама, теленовела
Создадена одЛилијана Абуд
УлогиГаби Еспино
Цезар Евора
Едит Гонзалес
Хелена Рохо
Сара Малдонадо
Воведна тема"Antes de que te vayas"
Земја на потеклоМексико[1]
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди120[1]
Продукција
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехија Алехандро
МестоположбаМексико Сити [1]
Времетраење45 минути[1]
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Хронологија
СледбеникОпиени од љубов (2006–2007)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/mundodefieras

Вљубени и злобни е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2006 година, со 120 епизоди. Серијата во времето на прикажување во Мексико имаше една од најдобрата гледаност. Оваа теленовела е римејк на истоимената теленовела од Венецуела од 1991. Теленовелата Вљубени и злобни кај нас се емитуваше на Сител Телевизија. Вистинскиот превод на оваа теленовела е Светот на Ѕверките.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ова е приказна за Габриел и Демијан идентични браќа близнаци кои се раздвоени уште на раѓање и чиј животен пат е сосема различен. Габриел е одгледан во изобилство и богатство од страна на родителите кои го посвоиле. Демијан од друга страна живее во сиромаштија и навлегува во криминалот. Кога Демијан ќе дознае за удобноста во која живее Габриел неговиот ум ќе бид опседнат само со едно: одмазда. Но, животот на Габриел е далеку од добар, бидејќи поминува низ неколку трагедии, а сега е во брак со Јоселин. Сопругата на Демијан, Рехина, всушност го сакала Габриел, но нејзините родители не ја дозволиле нивната љубов. Демијан тврди дека Хуан Кристобал, всушност е син на Габриел. Хуан Кристобал и ќерката на Габриел, Паулина силно се вљубуваат и решаваат да се борат против лошата крв во нивните семејства. Семејството на Габриел ќе биде потресено и со доаѓањето на вонбрачната ќерка на Клементе, Марианхела. Но, од затвор излегува и Долорес.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Габи Еспино Марианхела
Цезар Евора Габриел / Демијан
Едит Гонзалес Јоселин
Хелена Рохо Миријам
Сара Малдонадо Паулина
Себастијан Рули Хуан Кристобал
Мишел Вит Карен
Лаура Флорес Рехина
Кармен Салинас Канделарија
Ернесто Лагуардиа Леонардо

Вљубени и злобни на Балканот[уреди | уреди извор]

Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска:НоваТВ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: ТВ7
Црна Гора: Пинк М

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]