Вљубени жени (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вљубени жени (англиски: Women in Love) — роман на британскиот писател Д. Х. Лоренс од 1920 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во романот се опишани бурните љубовни случки на сестрите Урсула и Гудрун Брангвен. Тие се модерни жени, смели и со бурна природа, кои се впуштаат во страсни врски со двајца многу различни мажи.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

„Вљубени жение“ е еден од најзначајните дела на Д. Х. Лоренс, а самиот автор го сметал за свое ремек-дело. Во времето кога бил објавен, романот бил проследен со контроверзни критики поради отворените, сликовити описи на сексуалноста и обработката на други смели теми. Нудејќи нов поглед на модерниот живот, романот го носи духот на новото време, ослободено од стегите на конзервативното минато. Романот ги истражува негативните ефекти на индустријализацијата врз човековата психа, откривајќи дека поединечното и колективното „повторно раѓање“ е можно само преку упорност, љубов и страст.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 17.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.