Вјатка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вјатка (река))
Вјатка
Местоположба
Физички особености
УстиеКама
Должина1.314 км
Особености на сливот

Вјатка (руски: Вя́тка; татарски: Нократ, Noqrat; маријски Виче) е река во Кировската област и републиката Татарстан во Русија. Вјатка е десна притока на реката Кама. Долга е 1.314 км, со површина на сливот од 129,000 км2.

Вјатка извира во северниот дел на автономната република Удмуртија. Се влева во реката Кама кај малиот град Соколке, на некои 20 км пред проширувањето на Кама во Кујбишевското Езеро.

Вјатка се заледува на почетокот на ноември и останува под лед сè до половината на април.

Главни притоки на Вјатка се : Кобра, Летка, Великаја, Молома, Пижма, Чепица, Бистрица, Воја и Килмез.

Богата е со риба: деверика, црвенперка, лињак, сом, штука, костреш и смуќ

Пловна е од своето устие низзводно сè до градот Киров, некои 700 км. Во пролет до сидриштето на градот Кирс (преку 1,000 км).

Главни пристаништа на Вјатка се: Киров, Котељнич, Советск

Река Вјатка.
Виктор Васнецов. 1878
Железнички мост преку реката Вјатка кај Киров