Вулкан Tамбора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед кон вуланот.

Вулканот Тамбора (инд. Tambora, Tanboro) е стратовулкан на островот Сумбава во Индонезија.

Општо[уреди | уреди извор]

Станал познат по ерупцијата во 1815 година, која предизвикала климатски аномалии во 1816 година, заради тоа ѓто таа година е прогласена за година без лето. Тоа било една од најголемите вулкански ерупции во новата историја. Кратерот на вулканот е висок 2,722 метри. Висината на вулканот во минатото, достигнала и до 4.300 метри, што го прави еден од најголемите врвови во Малајскиот архипелаг. Големи слоеви магма биле акумулирани во вулканот, така што бил исполнет долго време, се додека вулканската активност не го достигнала својот врв и прераснала во колосална ерупција во април 1815 година. Ерупцијата во 1815 се чула се до 2000 километри во далечина, додека столбот на вулканската пепел бил видлив до островите Борнео, Сулавеси, Јава и Молучките остриви.Поради тоа што дошло до исфрлање на вулканската пепел, настапилa глад и дошло до појавување на разни болести. Според проценките, вкупниот број на жртви бил околу 70.000 луѓе, додека бројот на настрадани директно од ерупцијата изнесува околу 11,000-12,000. Во август 2011 година нивото на ризик од ерупција на вулканот се подигнало со ниво I (нормално ниво на ризик) на ниво II (поголем ризик), поради зголемување на вулканската активност. Во септември 2011 нивото на ризик е повторно подигнато и достигнало ниво III (постои можност од ерупција).

Поврзано[уреди | уреди извор]