Вулкански остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вулкански острови)
Моореја — вулкански остров со сè уште забележителен средиштен дел.
Стромболи е еден од осумте Липарски Островивулкански лак северно од Сицилија.

Вулкански островостров кој настанал по вулкански пат, често на места наречени врели точки. Невулканските (ниски) острови се разликуваат од нив по тоа што настануваат со таложење или тектонско издигање на корален гребен[1] (кои обично се образуваат на потопени вулкани).

Дефиниција и настанок[уреди | уреди извор]

Постојат низа вулкански острови кои вушност немаат планина, туку се издигаат само малку над морското ниво, и напати се сметаат за островчиња или карпи.

Вулканските и невулканските острови честопати се среќаваат во непосредна близина, особено во подрачјето на Јужниот Тихи Океан, каде ниските острови се сместени на ободните гребени кои ги окружуваат вулканските острови.

Животоподобност за човекот[уреди | уреди извор]

Разликите во геологијата и топографијата помеѓу вулканските и невулканските острови имаат големо значење за погодноста за живот: вулканските острови над извесна висина најчесто имаат подземна вода, додека пак ниските немаат и со тоа ја ограничуваат животоподобноста за човекот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Murphy, Raymond E. (July 1949). „"High" and "Low" Islands in the Eastern Carolines“. Geographical Review. American Geographical Society. 39 (3): 425–439. doi:10.2307/210643. JSTOR 210643.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]