ФК Вулверхемптон Вондерерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вулвс)
Вулверхемптон Вондерерс
Logo
Целосно имеФудбалски клуб Вулверхемптон Вондерерс
ДржаваАнглија Англија
ПрекарВолците
Основан1877 како Сеинт Лукс
СтадионМолинју
Вулверхемптон, Англија
Капацитет31,700
ПретседателАнглија Стив Морган
МенаџерПортугалија Нуно Еспирито Санто
Лига Премиер лига
2019–20Премиер лига, 7. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Вулверхемптон Вондерерс (на англиски јазик Wolverhampton Wanderers Football Club) или само Вулверхемптон Вондерерс е англиски фудбалски клуб од градот Вулверхемптон, Западен Мидлендс.

Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Молинју, уште од 1889 година. Прекарот на клубот е Волците.

Историја на клубот[уреди | уреди извор]

Вулверхемптон започнал прво како училиштен тим кога едно момче од училишето Сеинт Лукс во Блејконхол, Хари Баркрофт го претставил фудбалот на група луѓе кои подоцна помогнале да се создаде клубот.

Сеинт Лукс е создаден во 1877, а две години подоцна тимот е прекрстен во Вулверхемптон Вондерерс. Клубот користел два терена - Виндмил и Џон Харперс. По осум години тимот се сели на игралиштето Молинју кадешто се натпреварува и до денес. Вулвс (скратеното име на Вулверхемптон) станале официјални членови на фудбалската лига во 1888, а само година подоцна стигнале до првото финале на ФА Купот каде загубиле од Престон Норд Енд со 3-0.

Откако го освоиле ФА Купот во 1949 година победувајќи го во финалето Лестер Сити со 3-1 на Вембли, Вулверхемптон стигнал до три шампионски успеси и еден дабл, во текот на педесеттите години. Волците тримуфирале во лигата во сезоните 1953-1954, 1957-1958 и 1958-1959. Во овие години Вулверхемптон ги одиграл и првите нивни меѓународни натпревари. Навивачите на тимот на нивниот „Молинју“ можеле да видат екипи како Спартак Москва, Динамо Москва, Хонвед и Реал Мадрид.

Во 1964 година, тимот западнал во голема криза и во почетокот испаѓа во Втората дивизија каде претстојувал две години пред да стигне до новото враќање во елитата со менаџерот Рони Алан. Подоцна тој бил заменет со Бил МакГари, кој го предводел тимот до финалето во Купот на УЕФА против Тотенхем во 1972 и до освојувањето на Лига купот во 1974 година.

Смената на раководството во 1986 донело низа на пресврти во иднината на клубот. Вулверхемптон го достигнал своето дно со испаѓање дури во Четвртата дивизија. По три неуспешни обида на тимот да се врати во елитата во 90-тите, тоа сепак се случило во 2003 година кога тие го победиле Шефилд Јунајтед во финалето на плејофот и така тимот следната сезона за првпат играл во новоформираната Премиер лига. Сепак, радоста на клубот траела кратко затоа што тие повторно испаднале по завршувањето на сезоната.

По четири сезони во Чемпионшип, во сезоната 2008-2009 Волците предводени од Мик Мекарти одново се вратиле во Премиер лигата и тоа така што станале шампиони во Чемпионшип. Тие останале таму три сезони без некој којзнае колкав успех, завршувајќи во секоја од трите сезони во долниот дел од табелата пред да испаднат повторно во мај 2012 година завршувајќи на дното на табелата со освоени само 25 бода. Сепак, таму не завршиле проблемите на Вулверхемптон, бидејќи веќе следната сезона тие испаднале и од Чемпионшип како претпоследнопласиран тим на табелата и со тоа за првпат се соочиле со испаѓање во третото ниво на англискиот фудбал уште од сезоната 1988-1989.

Во сезоната 2013-2014, Вулверхемптон доминирал во Лига Еден под водство на менаџерот Кени Џакет освојувајќи го уверливо првото место со 103 освоени бода, со што поставиле рекорд за најмногу освоени бодови во третото ниво на Англија, и експресно се вратиле во Чемпионшип.

Стадион[уреди | уреди извор]

Стадионот Молинју.

Својте домашни натпревари, екипата на Вулверхемптон Вондерерс ги игра на Стадионот Молинју, уште од 1889 година. Капацитетот на стадионот iznesuva 32,050 седечки места.

Стадионот е отворен во 1889 година. Првиот натпревар на овој стадион бил одигран на 7 септември 1889 година, помеѓу Вулверхемптон и Нотс Каунти, а домаќинот победил со 2-0. На 3 мај 1972, на Молинју бил одигран првиот финален натпревар од Купот на УЕФА.

Овој стадион исто така бил домаќин на неколку натпревари на англиската репрезентација како и на репрезентацијата на Англија под 21 година.

Соперници[уреди | уреди извор]

Вулверхемтон има долго соперништво со Вест Бромвич Албион и Волсол, против кои се натпреваруваат во таканареченото Дерби за црната провинција. Најдолого и најизразено е соперништвото со Вест Бромвич Албион. Двата клуба се оддалечени само 11 милји еден од друг. Овие соперници досега играле точно 159 пати, а моментално Албион се поуспешни и имаат 11 победи повеќе.[1] Двата клуба се основачи на Фудбалската лига на Англија, а во сезоната 1953-1954 воделе голема битка помеѓу себе за титулата, кога Вулверхемптон завршил како шампион.[2]

Поради блиската географска положба, Вулверхемптон исто така имаат соперништво и со Волсол, меѓутоа бидејќи двата клуба ретко се натпреварувале на исто ниво,[3] тоа е од помало значење.

Други помала соперништва Вулверхемптон има и со Астон Вила, Бирмингем и Стоук Сити.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
2 Ирска ОД Мат Доерти
5 Англија ОД Рајан Бенет
7 Португалија НП Иван Кавалеиро
8 Португалија СР Рубен Невес
9 Мексико НП Раул Хименес
10 Португалија НП Елдер Коста
11 Португалија ГМ Руи Патрисио
15 Франција ОД Вили Боли
16 Англија ОД Конор Коуди
17 Англија СР Морган Гибс-Вајт
18 Португалија НП Диого Хота
19 Шпанија ОД Џони Кастро
Бр. Позиција Играч
21 Англија ГМ Џон Руди
24 Англија НП Бени Ешли-Сил
25 Шкотска СР Елиот Вот
26 Португалија СР Педро Гонсалвеш
27 Мароко ОД Ромен Саис
28 Португалија СР Жоао Мутињо
29 Португалија ОД Рубен Винагре
30 Англија ОД Кортни Хаус
31 Англија ГМ Вил Норис
32 Белгија СР Леандер Дендонкер
33 Бразил НП Лео Бонатини
37 Шпанија НП Адама Траоре

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски рекорди[уреди | уреди извор]

  • Најголема посета: 61,315 — против Ливерпул (ФА Куп петти круг, 11 февруари 1939)
  • Заработка од карти: £525,000 — против Вест Бромвич Албион (Чемпионшип лига - Плејоф полуфинале, 13 мај 2007)
  • Највисока лигашка победа: 10-1 — против Лестер Сити (Втора Дивизија, 15 април 1938)
  • Највисок лигашки пораз: 1-10 — Њјутон Хит (Прва Дивизија, 15 октомври 1892)
  • Највисока победа во купот: 14-0 — Кресвел'с Бруери (ФА Куп второ коло, 13 ноември 1886)
  • Најмногу лигашки натпревари за клубот: 501 — Дерек Паркин (1967–1982)
  • Најмногу меѓународни натпревари за клубот: 105 — Били Рајт (1946–1959)
  • Најмногу голови за клубот: 250 — Стив Бул (1986–1999)
  • Најмногу голови во една сезона: 38 — Денис Весткот (Прва Дивизија, 1946–1947)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Head to head: Leyton Orient vs. Wolves“. Soccerbase.
  2. „When the Black Country rivals Wolves and West Bromwich Albion ruled English football“. Birmingham Mail. 9 February 2012.
  3. „Head to head: Wolves v Walsall“. Soccerbase.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]