Вук Анѓелиќ и Банот Задранин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вук Анѓелиќ и банот Задранин (српски: Вук Анђелиһ и бан Задранин) - српска епска (јуначка) песна. Оваа верзија на песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од татко му Стефан.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Банот од Задар го држел Милутин в затвор веќе девет години. Кога Милутин го замолил банот да го ослободи, тој му побарал голем откуп, вклучувајќи ги и три коња. Тогаш, Милутин му испратил писмо на својот брат Вук Анѓелиќ, молејќи го да го обезбеди откупот. Вук ги набавил бараните нешта, но никако не можел да ги обезбеди коњите кои ги барал банот. Затоа, тој се преправил како просјак и отишол во дворот на банот каде ги грабнал неговите два сина од колевката и избегал. Кога слугинката му ја раскажала случката, банот веднаш се сетил за кого се работи и му напишал писмо на Вук Анѓелиќ, молејќи го да му ги врати децата. Вук се согласил, но банот морал да го ослободи Милутин и да му исплати големо богатство.[2]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Вук Анѓелиќ е опишан како човек со „темни мустаќи, а крваво око; каде ќе погледа, со окото сече - како молња од темен облак“. Тој се провлекува нечујно „од трн до трн“ и „од грмушка до грмушка“. Со крпената торба и со дреновиот стап на рамото, тој ја отсликува народната сила која во секоја прилика умее да си го пробие патот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. „Вук Анђелиһ и бан Задранин“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 420-424.
  3. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 17.