Прејди на содржината

Вукашин Попадиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вукашин Попадиќ
Министер на народното здравје
На должноста
1945–1951
Наследник Вера Ацева
Лични податоци
Роден(а) 1904
Гламоч, Кондоминиум Босна и Херцеговина, Австроунгарија

Вукашин Попадиќ (Гламоч, Бугојно, 1904) – епидемиолог, микробиолог.

Првата Народна влада на Македонија од 1945

Медицина завршил во Загреб. Работел во Хигиенскиот завод во Скопје, а од 1932 г. во Битола, како епидемиолог и микробиолог во Постојаната бактериолошка станица и ДНЗ. Во времето на бугарската окупација работел во Обласната хигиенска лабораторија. Активно соработувал со партизаните до првата половина на 1944 г., кога заедно со сопругата им се приклучиле на партизаните. По Ослободувањето бил министер за народно здравје во Владата на Федерална Македонија (16. Ⅳ 1945). Потоа бил универзитетски професор и директор на Хигиенскиот завод во Скопје.