Прејди на содржината

Втора црногорска фудбалска лига

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Моментална сезона или издание:
Втора фудбалска лига на Црна Гора 2025/2026
СпортФудбал
Основана2006
Број на екипи10
ДржаваЦрна Гора Црна Гора
Тековен првакМладост ДГ (2. титула) (2024/2025)[1]
Најмногу титулиБокељ (3 титули)
ОсновачФСЦГ
Промоција воПрва црногорска фудбалска лига
Испаѓање воТрета црногорска фудбалска лига
ПорталСлужбено мрежно место на ФСЦГ

Втора црногорска фудбалска лига (црногорски: Druga crnogorska fudbalska liga – Druga CFL – 2. CFL), од спонзорски причини позната како Meridianbet Втора лига,[2] претставува втор степен на лигашките фудбалски натпреварувања во Црна Гора. Формирана е во 2006 година по распадот на заедничката држава Србија и Црна Гора и расформирањето на поранешниот трет степен на натпреварување, а со лигата управува Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Повисок ранг на натпреварување е Првата лига на Црна Гора, додека понизок е Третата лига.

Во лигата учествуваат десет клубови, а се игра по четирикружен систем – секој со секого, дома и на гости по двапати. На крајот на сезоната, победникот на Втората лига директно се пласира во Првата лига за наредната сезона. Второпласираниот и третопласираниот тим играат бараж против осмопласираниот и деветопласираниот клуб од Првата лига. Последните два тима испаѓаат во едно од трите третолигашки натпреварувања, додека во Втората лига влегуваат два победници од баражот во кој учествуваат прваците на трите регионални дивизии од Третата лига.

Промени во структурата на лигата

[уреди | уреди извор]

Во периодот 2006–2018, Втората лига на Црна Гора броела 12 учесници. Од сезоната 2018–19 бројот на учесници е намален на 10, со натпреварување кое трае 36 кола.

Број на тимови
  • 2006–07 до 2017–18: 12
  • од 2018–19: 10

Клубови во сезоната 2025/26.[3]

[уреди | уреди извор]
Клуб Град Стадион
Беране Беране Градски стадион
Грбал Радановиќ Стадион Долна Сутвара
Игало 1929 Игало Стадион Солила
Интернационал Подгорица Стадион Долни Кокоти
Искра Даниловград Стадион Браќата Велашевиќ
Ком Подгорица Стадион Златица
Ловќен Цетиње Стадион Обилиќа Пољана
ФК Отрант-Олимпик Улцињ Стадион Олимпик
Подгорица Подгорица ДГ Арена
Рудар Пљевља Стадион под Голубињем

Победници

[уреди | уреди извор]
Сезона Победник Второ место Трето место
2006/07 Ловќен Бокељ Ибар
2007/08 Језеро Челик Единство
2008/09 Беране Младост Морнар
2009/10 Младост Бар Братство
2010/11 Бокељ Единство Беране
2011/12 Челик Морнар Единство
2012/13 Дечиќ Бокељ Забјело
2013/14 Бокељ (2) Беране Езеро
2014/15 Искра Дечиќ Езеро
2015/16 Единство Цетиње Братство
2016/17 Ком Ибар Отрант-Олимпик
2017/18 Морнар Младост Љешкопоље Ловќен
2018/19 Младост Љешкопоље Ком Бокељ
2019/20 Дечиќ (2) Езеро Бокељ
2020/21 Морнар (2) Арсенал Игало
2021/22 Единство (2) Арсенал Младост ДГ
2022/23 Младост ДГ Ком Беране
2023/24 Бокељ (3) Отрант-Олимпик Подгорица
2024/25 Младост ДГ (2) Рудар Ловќен
  1. ↑ „Mladost se vraća u Prvu ligu, Lovćen savladao Rudar“. reprezentacija.me. Посетено на 14 септември 2025.
  2. ↑ „FSCG i Meridianbet produžili ugovor i unaprijedili saradnju“. fscg.me. Посетено на 14 септември 2025.
  3. ↑ „Meridianbet 2. CFL“. fscg.me. Посетено на 14 септември 2025.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]