Прејди на содржината

Втора седница на АСНОМ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Втората седница на АСНОМ — одржана на 14 август 1944 година, дванаесет дена после Првото заседание на АСНОМ. Втората седница била брзо организирана после Првата на 6 август, во селото Рамно, Кумановско. Седницата се одржала во селската шума Петрова Гора во осум часот. Во седницата Президиумот на АСНОМ бил преуреден и нови поверенци биле одбрани. Делегати за Југословенскиот црвен крст биле одбрани. Претставници за во Централниот комитет на НОЈ, Бари и Москва биле одбрани. Во седницата првите темели на македонскиот правосуден систем биле поставени со одлуката да се основа испитувачка комисија. Средбата траела неколку часа со петнаесет делегати од АСНОМ.

Седницата била свикана под наредба од Методија Андонов Ченто. Средбата повторно била во Рамно, Кумановско но овој пат наместо во селското училиште тие се преместиле во селската шума Петрова Гора. Сѐ вкупно биле поканети 22 претставници од АСНОМ за учество во седницата, но само 15 присуствувале поради работа на теренот.[1][2] Седницата била свикана со следниот реферат:

  1. Читање на записникот од Првата седница на АСНОМ.
  2. Организирање работа на поверенствата — одредување на референти.
  3. Назначување на законодателна комисија и државна комисија за испитување злочините починети од страна на окупаторите и нивните слуги.
  4. Одредување лице за Црвен крст.
  5. Друго.

Под точката друго се разгледале следните теми:[3][4]

  1. Предлог од Емануел Чучков да ги известат македонските граѓани за Првото заседание на АСНОМ и нејзините решенија.[б 1]
  2. Предлог од Љупчо Арсов да им соопштат на останатото македонско население Киро Глигоров и Богоја Фотев за воведувањет бонови како парично средство.
  3. Допонителни одлуки за записникот.
  4. За испраќање претставници во Бари и Москва.

Придонеси

[уреди | уреди извор]

Делегати

[уреди | уреди извор]

Сѐ вкупно дваесет и два делегати од АСНОМ биле поканети да учествуваат во седницата, но само петнаесет биле присутни. Поканетите претставници биле:[1][2]

Име Датум на раѓање Место на раѓање Присуство
Методија Андонов Ченто 17 август, 1902 Прилеп
🟩
Панко Брашнаров 8 август, 1883 Велес
🟩
Емануел Чучков 27 ноември, 1901 Штип
🟩
Љупчо Арсов 9 мај, 1910 Штип
🟩
Владо Полежина 30 мај, 1913 Кичево
🟩
Страхил Гигов 16 септември, 1909 Велес
🟩
Цветко Узуновски 24 декември, 1912 Царев Двор, Ресенско
🟩
Епаминонда Поп Андонов 2 ноември, 1898 Струмица
🟩
Богоја Фотев 14 август, 1900 Герман, Леринско
🟩
Петре Пирузе 5 мај, 1907 Охрид
🟩
Кирил Петрушев 20 март, 1895 Богданци
🟩
Ацо Петровски 1901 Скопје
🟩
Лазар Соколов 18 март, 1914 Куманово
🟩
Генадие Лешков н/п Дреново, Поречко
🟩
Лилјана Чаловска 3 декември, 1920 Софија
🟩
Михајло Апостолски 8 ноември, 1906 Ново Село, Штипско
🟥
Венко Марковски 5 март, 1915 Скопје
🟥
Јован Ѓелев 8 ноември, 1880 Дреново, Кавадаречко
🟥
Кемал Аголи 22 октомври, 1918 Дебар
🟥
Вера Ацева 24 ноември, 1919 Ореовец, Прилепско
🟥
Камбер Хасан н/п Долни Дисан, Неготинско
🟥
Младен Георгиев н/п Челопек, Кумановско
🟥

Поверенства

[уреди | уреди извор]

Следниот поверенички состав бил предложен и усвоен во седницата:[5][6][7]

Функција Име Датум на раѓање Место на раѓање
Поверенство за внатрешни работи Петар Манговски 19 август, 1909 Велушина, Битолско
Поверенство за финансии Киро Глигоров 3 мај, 1917 Штип
Поверенство за просвета Димитар Стојанов 10 октомври, 1910 Прилеп
Поверенство за информации Веселинка Малинска 4 јануари, 1917 Куманово
Поверенство за социјална политика Благој Хаџи Панзов 18 декември, 1911 Велес
Поверенство за соопштенија и градежниство Ацо Георгиев н/п н/п
Поверенство за народно стопанство и обнова Славко Поп Антовски 21 ноември, 1913 Прилеп
Асен Симитчиев[б 2] 24 ноември, 1916 Скопје
Поверенство за судство Нема[б 3]

Законодавна комисија

[уреди | уреди извор]

Следните членови биле примени во законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ:[8]

Име Датум на раѓање Место на раѓање
Петре Пирузе 5 мај, 1907 Охрид
Петар Манговски 19 август, 1909 Велушина, Битолско
Благој Хаџи Панзов 18 декември, 1911 Велес
Асен Симитчиев 24 ноември, 1916 Скопје
Благоја Левков н/п Велес
Тодор Звездин н/п Скопје
Владо Полежина 30 мај, 1913 Кичево

Решенија

[уреди | уреди извор]

Следните решенија се усвоени во Президиумот на АСНОМ:

  • Решение на Президиумот на АСНОМ за именување членови на Законодавната комисија при Президиумот на АСНОМ.[9]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за именување референти при поверенствата на Президиумот на АСНОМ.[6]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за именување Државна комисија за утврдување претстапите на окупаторите и нивните слуги.[10]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за именување делегати во Југословенскиот црвен крст.[11]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за испратување членови на АСНОМ при Националниот комитет на ослободувањето на Југославија, при средоземноморската комисија во Бари и за Москва.[12]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Еден податок ретко спомнат во Македонската историографија е тоа што целовкупното македонско населние откриле за Првото заседание на АСНОМ неколку недели откако се одвивало.
  2. Поради непознати причини, двајца повереници биле одбрани.
  3. Поверник за правосудство не бил одбран, поради тоа поверенството останало без претставник.
  1. 1 2 Христов 1984, стр. 220.
  2. 1 2 Христов 1970, стр. 554.
  3. Христов 1984, стр. 222-223.
  4. Христов 1970, стр. 556.
  5. Христов 1984, стр. 221.
  6. 1 2 Христов 1984, стр. 224.
  7. Христов 1970, стр. 555.
  8. Христов 1984, стр. 223-224.
  9. Христов 1984, стр. 223.
  10. Христов 1984, стр. 225.
  11. Христов 1984, стр. 226.
  12. Христов 1984, стр. 227.

Употребена литература

[уреди | уреди извор]
  • Христов, Александар (1984). Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ. 1. Скопје: Архив на Македонија.
  • Христов, Александар (1970). Зборник на документи за државно-правниот развиток на Социјалистичка Република Македонија (1945-1963). Скопје: Институт за социолошки и политичко-правни истражувања.