Втора кичевска парохија

Координати: 41°30′41″N 20°57′48″E / 41.51139° СГШ; 20.96333° ИГД / 41.51139; 20.96333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кичевската градска катедрала Црква „Св. Петар и Павле“ е парохиско седиште

Втора кичевска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кичевското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во кичевската градска соборна црква „Св. Петар и Павле“. Покрај дел од градот Кичево, парохијата ги опфаќа и селата: Другово, Горно Добреноец, Долно Добреноец, Подвис, Лавчани, Јаворец, Долна Душегубица, Горна Душегубица, Кленоец, Попоец, Иванчишта, Малкоец, Ехлоец и Пополжани.

Цркви[уреди | уреди извор]

Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Петар и Павле“ Кичево
(парохиско седиште)
почеток на XX век
Црква „Св. Недела“ Другово 1996
Црква „Св. Никола“ Горно Добреноец 1938
Црква „Св. Варвара“ Долно Добреноец 2000
Црква „Св. Атанасиј“ Подвис XIX век
Црква „Св. Архангел Михаил“ Лавчани
Црква „Св. Никола“ Јаворец XX век
Црква „Св. Богородица“ Горна и Долна Душегубица 1936
Црква „Св. Богородица“ Кленоец XIX век
Црква „Св. Никола“ Попоец 1860
Црква „Св. Богородица“ Попоец
Црква „Св. Никола“ Иванчишта XIX век
Црква „Св. Недела“ Малкоец 2004
Црква „Св. Пантелејмон“ Ехлоец 1850

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°30′41″N 20°57′48″E / 41.51139° СГШ; 20.96333° ИГД / 41.51139; 20.96333