Втора артилериска бригада на четириесет и осмата дивизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Втора артилериска бригада на четириесет и осмата македонска дивизија
Активна18 февруари 1945
ЗемјаМакедонија
Видартилерија
Големина1191 борци
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Втората артилериска бригада на 48 македонска дивизија — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Историјат[уреди | уреди извор]

Бригадата била основана на 18 февруати 1945. Оваа бригада е формирана од 2 дивизион на Првата македонска артилериска бригада, која бил расформирана по божиќните протести. .[1]

Командант на оваа бригада бил Илија Попевски во март 1945, а потоа бил Боро Милевски, а од март натака бил Димитрие Гулевски - Гулас. Политички комесар бил Блаже Стефановски, а негов помошник бил Љупчо Мариновски - Бисера. Началник на штабот бил Андреја Русјаковски. .[1]

Со наредба на НОВЈ, бригадата прво била испратена за Белград на 2 март 1945. Тогаш бригадата имала 1191 борец, од кои 96 старешини, 9 политички комесари, 188 подофицери, 864 војници и 4 жени. Таму добиле ново оружје и била приклучена кон 48 македонска дивизија, дел од 15 македонски корпус. Бригадата подоцна била испратена на Сремскиот фронт, каде загубила само 5 борци.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 154-155

Поврзано[уреди | уреди извор]