Вселенска сила на САД

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вселенска сила на САД
Seal of the United States Space Force.svg
Грб на Вселенската сила на САД
Создадена20 декември 2019
(како гранка на вооружените
сили на САД
)
1 септември 1982
(како Вселенска команда на Военото воздухопловство)[1]
Земја САД
Видвселенска сила
Големина2.501 гардијан[2][3]
13.590 аеронаути[2][4]
77 вселенски летала[5]
Дел одSeal of the United States Department of the Air Force.svg Оддел на Военото воздухопловство на САД
(U.S. Department of the Air Force)
ШтабПентагон
ГеслоSemper Supra
Always above[6]
Годишнини20 декември
Мреж. местоspaceforce.mil
Обележја
Знаме
Flag of the United States Space Force.svg
Знак
Logo of the United States Space Force.png

Вселенска сила на САД (ВС на САД; англиски: United States Space Force, USSF) — вселенската гранка на вооружените сили на САД. Таа е една од осумте униформирани служби на САД, и првата и моментално единствена независна вселенска сила во светот.[7][8] Вселенската сила, заедно со сестринската гранка — Военото воздухопловство на САД — е дел од Одделот на Военото воздухопловство, кој е во рамките на Министерството за одбрана на САД.

Вселенската сила е под надзор на секретарот на Военото воздухопловство, кој е цивил кој одговара пред министерот за одбрана и е назначен од претседателот на САД со потврда од Сенатот.[9] Воениот началник на Вселенската сила е началникот на вселенски операции (на англиски: chief of space operations, CSO), кој има надзор врз единиците на ВС и е дел од Здружените штабни началници (на англиски: Joint Chiefs of Staff), тело на највисоките униформирани водачи во Министерството за одбрана кое го советува претседателот на САД и други за воени работи.

Службениците на ВС се познати како гардијани (на англиски: guardians, преведено на македонски: чувари). Звањето гардијан има долго минато во вселенските операции, влечејќи наследство од геслото на Вселенската команда на Военото воздухопловство од 1983 година, „Чувари на високата граница“ (на англиски: Guardians of the High Frontier). Називот бил најавен во декември 2020 година, во пресрет на првиот роденден на Вселенската сила, од потпретседателот на САД Мајк Пенс. Претходно, службениците биле познати како вселенски професионалци (на англиски: space professionals).[10]

Вселенската сила е најмалата вооружена служба на САД и е составена од 2.501 гардијан и активни 77 вселенски летала. Важни вселенски летала и системи со кои работи се: ГПС констелација, воена сателитска комуникациска констелација, вселенскиот авион Boeing X-37, национален систем за ракетно предупредување, национална мрежа за вселенско набљудување, мрежа за сателитска контрола и вселенски системи за електронско војување. Согласно Законот Голдвотер-Николс, Вселенската сила, како воена гранка, е одговорна за организирање, обучување и опремување на вселенски сили, кои потоа се презентираат пред обединетите борбени команди (на англиски: unified combatant commands), претежно пред Вселенската команда на САД (на англиски: United States Space Command), за примена.

Историја[уреди | уреди извор]

Вселенската сила на САД ги влечe своите корени од почетокот на Студената војна. Првите вселенски програми на Военото воздухопловство почнале во 1945 година. Западната развојна дивизија била формирана во 1954 година, под водство на генералот Бернард Шривер, како прва вселенска организација во рамките на вооружените сили на САД, и сè уште постои како Центар за вселенски и ракетни системи при ВС. Воените вселенски сили биле организирани под неколку различни главни команди на Военото воздухопловство сè додека не биле обединети со формирањето на Вселенската команда на Военото воздухопловство на 1 септември 1982 година. Вселенските сили на САД најпрво почнале да спроведуваат операции за борбена поддршка во Виетнамската војна, и продолжиле да обезбедуваат сателитска комуникациска, временска и навигациска поддршка за време на Фолкландската војна во 1982 година, инвазијата на Гренада од САД во 1983 година, бомбардирањето на Либија во 1986 година и инвазијата на Панама од САД на крајот на 1989 и почетокот на 1990 година. Првата поголема употреба на вселенски сили кулминирала во Заливската војна, каде се покажале како важни за коалицијата предводена од САД. Првите дискусии за создавање на воена вселенска служба се случиле во 1958 година, а идејата повторно била земена предвид од претседателот Реган во 1982 година. Вселенската комисија од 2001 година барала создавање на Вселенски корпус помеѓу 2007 и 2011 година, а независен предлог во Конгресот на САД можел да создаде Вселенски корпус во 2017 година. На 20 декември 2019 година бил потпишан Законот за Вселенска сила на САД, со кој Вселенската команда на Военото воздухопловство била реорганизирана во Вселенската сила на САД, со што била создадена првата нова независна воена служба од 1947 година, кога Воздушните сили на Армијата на САД биле реорганизирани во Военото воздухопловство на САД.

Мисија[уреди | уреди извор]

Законот за Вселенска сила на САД (на англиски: United States Space Force Act) ја кодифицирал Вселенската сила како организирана, обучена и опремена за да обезбеди „слобода на дејствување за САД во, до и од вселената“ и „брзи и одржливи вселенски операции“, а како цел на наведените должности е „заштита на интересите на САД во вселената“ и спречување на агресија во, од и кон вселената и спроведување на вселенски операции.[11]

На 10 август 2020 година, Вселенската сила ја објавила својата врховна доктрина, „Spacepower: Doctrine for Space Forces“, пошироко објаснувајќи ги набројаните мисии и должности. Во Spacepower, Вселенската сила ги дефинира нејзините три темелни одговорности, артикулирајќи зошто вселенската моќ е од витално значење за просперитетот и безбедноста на САД — со цел да се обезбеди слобода на дејствување во вселенскиот домен, да се овозможи здружена ефективност и леталитет и да се обезбедат независни опции за националното водство на САД, способно да ги постигне националните цели. Spacepower ги воспоставува петте основни надлежности на Вселенската сила, кои артикулираат како се користи вселенската моќ — вселенска безбедност, борба со проекција на моќ, вселенска подвижност и логистики, информациска подвижност и свесност за вселенскиот домен. Spacepower ги наведува седумте дисциплини на вселенската моќ кои се потребни за основните компетенции: орбитално војување, вселенско електромагнетно војување, раководење со вселенска битка, вселенски приод и одржување, воено разузнавање, кибероперации и инженерство и снабдување.[12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „U.S. Space Force Fact Sheet“. Spaceforce.mil. United States Space Force. 20 декември 2019. Посетено на 21 декември 2019.
  2. 2,0 2,1 Beynon, Steve (27 август 2020). „Space Force unveils first set of regulations — how to wear the camouflage uniform“. Stars and Stripes. Архивирано од изворникот на 2021-04-04. Посетено на 4 септември 2020. Space Force has 90 troops, with Towberman being the only enlisted member. But 2,410 eligible airmen will start to transfer into the service and become space professionals on Sept. 1. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  3. Dickstein, Corey (15 мај 2020). „Space Force unveils its service flag at White House ceremony“. Stars and Stripes. Посетено на 16 мај 2020. Last month, the service increased from just two official members — Raymond and Towberman — to 88, when it added 86 second lieutenants who commissioned into the branch from the Air Force Academy.
  4. „What's the Space Force“. spaceforce.mil.
  5. „U.S. Space Force brochure“ (PDF). www.airforcemag.com. Посетено на 22 септември 2020.
  6. „The U.S. Space Force logo and motto“. United States Space Force.
  7. Robitzski, Dan (18 јуни 2018). „The US may soon have the world's first Space Force“. Futurism (англиски). Посетено на 3 февруари 2021.
  8. „We received a special birthday shout out from General Lee Seong Yong, Chief of Staff of the Republic of Korea Air Force!“. Twitter. United States Space Force. 17 декември 2020.
  9. „Fact Sheet“. United States Space Force. Посетено на 27 јануари 2020.
  10. Pawlyk, Oriana (18 декември 2020). 'Guardians' of the Galaxy: Pence Announces Name of Space Force Members“. Military.com (англиски). Посетено на 19 декември 2020.
  11. „National Defense Authorization Act for Fiscal Year 2020“ (PDF). United States House of Representatives. Декември 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  12. Wright, Ashley M. (10 август 2020). „Space Force releases 1st doctrine, defines "spacepower" as distinct form of military power“. United States Space Force (англиски). Посетено на 3 февруари 2021.