Вршник (Манастирец)
Изглед
„Вршник“
| |
Местоположба | 41°29′17″N 21°56′40″E / 41.48806°N 21.94444°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Манастирец |
Општина | Росоман |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Вршник — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Манастирец. Претставува населба од доцноантичкото време. Во лозјата на двајца жители, што се наоѓаат на левата страна од патот за Кавадарци, на 2 км источно од селото, се среќаваат делови од архитектонска пластика (столб, капител и мено). Исто така има и множество делови од керамички садови, питоси и градежен материјал. Наодите се чуваат во Музејот-галерија во Кавадарци.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Лаката - населба од римското време;
- Манастирец - некропола од римското време;
- Хусков Рид - населба од бронзеното време;
- Манастирец;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 154. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |