Врчви (Чашка)

Координати: 41°41′12″N 21°41′58″E / 41.68667° СГШ; 21.69944° ИГД / 41.68667; 21.69944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Врчви

Поглед на ранохристијанските гробови во месноста Врчви кај Чашка


Местоположба 41°41′12″N 21°41′58″E / 41.68667° СГШ; 21.69944° ИГД / 41.68667; 21.69944
Основни податоци
Место Чашка
Општина Чашка
Тип

 некропола


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Врчви — археолошко наоѓалиште на ранохристијански гробови во непосредната близина на населбата Чашка.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на гробовите

Наоѓалиштето лежи во обработени ниви непосредно северно од населбата Чашка во месноста Врчви која е сместена во подножјето на ридот кој се издигнува високо над клисурата на левиот брег на Тополка. Самото наоѓалиште на ранохристијанските гробови на месноста Врчви е сместено преку малиот поток Мала Река во средината окружен со наоѓалиштето на неолитската населба во месноста Мраморје од запад, праисториската енеолитска гробница веднаш на врвот на ридот од исток и римската гробница — тумулус непосредно од север. Имајќи предвид дека во непосредната близина се наоѓаат дури три археолошки наоѓалишта на гробници од различни временски периоди, сите преку потокот Мала Река, додека на другиот брег од спротива се археолошките наоѓалишта на населби, може да се заклучи дека во древните антички времиња овој поток имал симболичко значење на граница и премин помеѓу животот и смртта.

Откритија[уреди | уреди извор]

На наоѓалиштето се откриени две одделни групи на гробови споени едни до други. Едната група опфаќа три споени гробови во правец исток - запад, додека другата во непосредната близина има два гробови со спротивна насока север - југ. Гробовите се целосно ѕидани од камен и малтер во својата внатрешност, што укажува на доста добра обработка. Сепак тие немаат богата и раскошна внатрешна изработка како блиската гробнива - мавзолеј Хереон на месноста Сулинар, што укажува дека тука најверојатно биле погребани посиромашни луѓе, граѓани од средниот слој. Во овие 5 гроба се најдени прилози - украсни предмети, а тука е пронајдена и вотивна плоча со претстава на Хеката меѓу диоскурите која се чува во Музејот на Македонија во Скопје[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Македонија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 85.