Врховен суд на Република Македонија
Изглед
(Пренасочено од Врховниот суд на Македонија)
| Врховен суд на Македонија | |
|---|---|
![]() | |
| Основан | 1945 |
| Надлежност | Македонија |
| Местоположба | Скопје, Македонија |
| Мрежно место | www.vsrm.mk |
| Претседател на Врховниот суд | |
| Моментално | Џемаили Саити в.д. |
| Од | 10 март 2025 |
| Портпарол на Врховниот суд | |
| Сегашен | Милчо Велјаноски |
| Од | 3 февруари 2023 |
Врховниот суд на Македонија — највисокиот суд во Македонија кој обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите. Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Македонија се конечни и извршни. Врховниот суд на Република Македонија е сместен на ул. Крсте Мисирков бб во Скопје.
Надлежност на Врховниот суд
[уреди | уреди извор]Врховниот суд, како највисок суд во државата, е надлежен:[1]
- да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
- да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;
- да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
- да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
- да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција на човекови права и
- да врши други работи определени со закон.
Сегашен Состав на Врховниот суд
[уреди | уреди извор]Составот на врховниот суд според 2025 година:
| # | Име | Мандат | Преземање функција |
|---|---|---|---|
| 1 | Џемаили Саити | Претседател | 2012 |
| 4 | Беса Адеми | Член | 2009 |
| 2 | Владимир Стојаноски | Член | 2010 |
| 3 | Јелица Крстевска | Член | 2011 |
| 5 | Шпенд Деваја | Член | 2013 |
| 6 | Африм Фидани | Член | 2017 |
| 7 | Цветанка Периќ | Член | 2019 |
| 8 | Мирјана Лазарова-Трaјковска | Член | 2020 |
| 9 | Сафет Кадрии | Член | 2020 |
| 10 | Анита Бошковска | Член | 2023 |
| 11 | Катерина Георгиевска | Член | 2023 |
| Оваа статија е дел од темата |
| Политиката на Македонија |
|---|
|
|
