Време разделно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Време разделно
АвторАнтон Дончев
ЗемјаБугарија
Јазикбугарски
Дејството се
одвива во
Крастова Гора, 1664
Објавена1964

„Време разделно“роман на бугарскиот писател Антон Дончев, објавен во 1964 година. Делото е создадено за само 45 дена. Настаните опишани од Антон Дончев се случуваат во 1668 година во Крастогорската Област на Родопите.[1] Веродостојноста на изворите на кои се заснова романот е предмет на сериозни сомнежи.[2]

Заплет[уреди | уреди извор]

Во пролетта 1668 година [3] јаничарот Караибрахим заедно со одред од 120 коњаници пристигнал во Родопската Долина во Елинденја за да ги потурчи (исламизира) локалните православни Бугари. По течението на реката се наоѓаат три села Просојна, Заград и Подвис. Турците застануваат на гробишта, каде Манол и свештеникот Алигорко, според локалниот обичај, откопуваат коски на мртовец - починатата жена на овчарот. Турците со презир ги испрашуваат за имињата на селата и продолжуваат по својот пат. Двајцата Бугари се враќаат во Подвис во воденицата на дедо Галушко Белија, каде се Елица и Севда. Поп Алигорко го известува старецот дека пристигнал одред спахии. Караибрахим и неговите луѓе се сместуваат во огромната куќа за гости на Сулејман-ага во селото Просојна.

Селаните од Елинденја решиле да ги сокријат жените и децата. Караибрахим наредил да се соберат првенците на селото, наредувајќи му на Сулејман-ага да му помогне. Селото Чепино е опожарено. Неговите жители спасот го бараат во соседните планини. Манол бара помош од Сулејман-ага за да ги води против јаничарите. Но, агата не може да се крене против падишахот. Во конакот се собираат првенците. Тие му изјавуваат на Караибрахим дека нема да ја дадат својата вера. Дошло време разделно.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Караибрахим - спахија испратена да ја потурчи долината Елинденја.
  • Манол – силен и горд овчар, посвоен од дедо Галушко.
  • Абдула Венецијанец – исламизиран Венецијанец, заробеник на Караибрахим. Порано италијански благородник кој се вклучил во одбраната на Кандија. [3]
  • Дедо Галушко Белија - мелничар кој го посвоил Манол.
  • Сулејман-ага - господар на долината Елинденја.
  • Поп Алигорко – монах и свештеник од Атон.
  • Момчил - син на Манол.
  • Елица – свршеницата на Момчил.
  • Севда – вдовица вљубена во Манол.

Екранизација[уреди | уреди извор]

Романот „Време разделно“ бил екранизиран во 1988 година од режисерот Људмил Стајков. Филмот бил премиерно прикажан со идентичното име како романот, но филмот потоа бил преименуван за да го следи англискиот дистрибутивен превод на филмот, кој бил Време на насилство. Филмот се состои од 2 дела: „Закана“ и „Насилство“. Вториот дел од филмот ги пресоздава настаните од втората половина на 17 век до 1668 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В секцията „Забележки“ в края на книгата „Време раздилно“ е посочено, че „Разказът на баба Сребра дума по дума повтаря част от летописния разказ на поп Методий Драгинов от село Корова“, а разказът на попа е записан в „Исторически бележник“. В „Забележките“ се определя и географското място на събитията – Кръстогорската област в Родопите.
  2. Благовеста Касабова, Прочетено наново, електронно списание LiterNet, 24.09.2006, № 9 (82).
  3. 3,0 3,1 Енциклопедия: Герои на световната литература. София: Труд. 2008. стр. 7. ISBN 978-954-528-814-2.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]