Временска рамка на мировните мисии на Обединетите Нации

Од Википедија — слободната енциклопедија

Обединетите нации одобриле 71 мировна операција заклучно со април 2018 година. Овие не вклучуваат интервенции овластени од ООН како Корејската војна и Заливската војна. Во 90-тите години на минатиот век се случиле најмногу мировни операции на ООН досега. Мировните операции ги надгледувал Одделот за мировни операции и имаат некои заеднички одлики, имено вклучување на воена или полициска компонента, честопати со овластување за употреба на сила според Поглавје VII од Повелбата на Обединетите нации. Мировните операции се разликуваат од специјалните политички мисии (SPM), кои ги надгледува Одделот за политички работи (DPA). Специјалните политички мисии не се вклучени во табелите подолу.

40-ти години на XX век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
1948 година Во тек Организација за надзор на примирјето на Обединетите нации UNTSO  Израел;

 Сирија,  Либан,  Јордан,  Египет

Да се следи прекинот на огнот во арапско-израелскиот конфликт. Овластен во јуни 1948 година по Првата арапско-израелска војна. Првата мировна мисија на ООН.
1949 година Во тек Група на воени набудувачи во Индија и Пакистан на Обединетите нации UNMOGIP  Индија

 Пакистан

Да се следи прекинот на огнот помеѓу Индија - Пакистан во конфликтот во Кашмир.  Овластен по Првата индо-пакистанска војна.

50-ти години на XX век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
1956 година 1967 година Први Итни сили на Обединети нации UNEF-I  Египет Да се надгледува повлекувањето на египетските и израелските трупи од Суецската криза. Први вооружени мировници. Завршила во јуни 1967 година за време на Шестдневната војна.
1958 година 1958 година Група за набљудување во Либан на Обединети Нации UNMOGIP  Либан Да се спречи војската и оружјето да влезат во Либан за време на кризата. Завршила во декември 1958 година.

60-ти години на XX век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
1960 година 1964 година Операција во Конго на Обединетите нации ONUC Република Конго Конго Спречување на странска интервенција и зачувување на територијата на Конго за време на кризата во Конго. Завршила во јуни 1964 година.
1962 година 1963 година Безбедносни сили во Западна Нова Гвинеја/Западен Иријан на Обединетите нации UNSF  Холандија

Хол. Нова Гвинеја

 Индонезија

Да се следи прекинот на огнот за време на транзицијата на Западен Иријан од холандска во индонезиска власт. Завршила во април 1963 година.
1963 година 1964 година Набљудувачка мисија во Јемен на Обединетите нации UNYOM  Јемен, т.е.
Северен Јемен
Надгледување на заминувањето трупите на Саудиска Арабија и Египет од граѓанската војна во Северен Јемен. Завршила во септември 1964 година.
1964 година Во тек Мировни сили во Кипар на Обединетите нации UNFICYP  Кипар Спречување на конфликтот помеѓу кипарските Грци и Турци.
1965 година 1966 година Мисија во Доминиканската Република на претставникот на генералниот секретар DOMREP  Доминиканска Република Следење на ситуацијата предизвикана од опозицијата во Доминиканската Република. Завршила во октомври 1966 година.
1965 година 1966 година Набљудувачка мисија во Индија-Пакистан на Обединетите нации UNIPOM  Индија,

 Пакистан

Надгледување на прекинот на огнот во Индија-Пакистан надвор од Кашмир по втората индо-пакистанска војна. Завршила во март 1966 година.

70-ти години на XX век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
1973 година 1979 година Втори Итни сили на Обединетите нации UNEF-II  Египет Надгледување на повлекувањето на силите од Синајскиот полуостров по Јомкипурската војна помеѓу Египет, Сирија и Израел. Завршила јули 1979 година.
1974 година Во тек Набљудувачки сили за разоружување на Обединетите нации UNDOF Голанска Висорамнина, оспорена помеѓу:

 Израел
 Сирија

Одржување примирје меѓу Сирија и Израел на Голанската висорамнина.
1978 година Во тек Привремени сили во Либан на Обединетите нации UNIFIL  Либан Надгледување на повлекувањето на Израел од Либан. Чување на меѓународниот мир и безбедност и помош кон либанската влада да го врати својот делотворен авторитет во областа.

80-ти години на XX век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
1988 година 1990 година Мисија за несебична помош во Авганистан и Пакистан на Обединетите нации UNGOMAP Д. Р. Авганистан, т.е.  Авганистан;
 Пакистан
Оневозможување на Авганистан и Пакистан од меѓусебно кочење. Завршила во март 1990 година.
1988 година 1991 година Група на воени набудувачи во Иран-Ирак на Обединетите нации UNIIMOG  Ирак, т.е.
Баатистички Ирак;
 Иран
Да биде под надзор на примирјето по војната во Иран и Ирак. Завршила во февруари 1991 година.
1989 година 1991 година Прва Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации UNAVEM-I  Ангола Надгледување на повлекувањето на кубанските трупи од граѓанската војна во Ангола. Завршила во јуни 1991 година.
1989 година 1990 година Група за асистирана транзиција на Обединетите нации UNTAG Југозападна Африка
 Намибија (1990-)
Надгледување на изборите во Намибија и преминот кон независност од Јужна Африка. Завршила во март 1990 година.
1989 година 1992 година Група на набљудувачи во Средна Америка на Обединетите нации ONUCA  Никарагва Набљудување на прекинот на огнот во граѓанската војна во Никарагва. Завршила во јануари 1992 година.

90-ти години на XX век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
1991 година 2003 година Мисија за набљудување во Ирак-Кувајт на Обединетите нации UNIKOM  Кувајт
Баатистички Ирак
Засилување на Кувајтско-Ирачката граница по Заливската војна. Завршила во 2003 година.
1991 година 1995 година Втора Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации UNAVEM-II  Ангола Овозможување на прекин на огнот во Граѓанската војна во Ангола. Завршила во февруари 1995 година.
1991 година 1995 година Мисија за набљудување во Ел Салвадор на Обединетите нации ONUSAL  Ел Салвадор Овозможување на прекин на огнот во Граѓанската војна во Ел Салвадор. Завршила во април 1995 година.
1991 година Во тек Мисија за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации MINURSO  Западна Сахара
 Мароко ја оспорува независноста
Овозможување на прекин на огнот и помош за организирање референдум за иднината на регионот по Војната во Западна Сахара.
1991 година 1992 година Предвремена Мисија во Камбоџа на Обединетите нации UNAMIC  Камбоџа Подготовка на преодна управа во Камбоџа на Обединетите нации по Камбоџанско-Виетнамската војна. Завршила во март 1992 година.
1992 година 1995 година Сила за заштита на Обединетите нации
и
Сила за превентивно распоредување на Обединетите нации
UNPROFOR и UNPREDEP  Хрватска
 Босна и Херцеговина
 Македонија
Заштитување на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина, и Македонија за време на Југословенските војни. Реструктурирана во декември 1995 година.
1992 година 1993 година Преодна управа во Камбоџа на Обединетите нации UNTAC  Камбоџа Помош за реорганизирање на Камбоџа. Завршила во септември 1993 година.
1992 година 1993 година Прва Операција во Сомалија на Обединетите нации UNOSOM-I  Сомалија Овозможување на прекин на огнот за време на Граѓанската војна во Сомалија, реорганизирана како Заедничка целна сила (UNITAF). Заменета во март 1993 година од UNOSOM-II.
1992 година 1993 година Мисија за набљудување за верификација на референдумот во Еритреа UNOVER Етиопија Набљудување на референдумот за независност на Еритреја од Етиопија. Завршила во април 1993 година.
1992 година 1994 година Операција во Мозамбик на Обединетете нации ONUMOZ  Мозамбик Набљудување на прекинот на огнот во Граѓанската војна во Мозамбик. Завршила во декември 1994 година.
1993 година 1995 година Втора Операција во Сомалија на Обединетите нации UNOSOM-II  Сомалија Стабилизирање на Сомалија и асистенција на хумабитарните напори за време на Граѓанската војна во Сомалија. Завршила во март 1995 година.
1993 година 1994 година Мисија за набљудување во Уганда-Руанда на Обединетите нации UNOMUR  Руанда
 Уганда
Овозможување на прекин на огнот помеѓу Руанда и бунтовничката група заснована во Уганда за време на Граѓанската војна во Уганда. Завршила во септември 1994 година.
1993 година 2009 година Мисија за набљудување во Грузија на Обединетите нации UNOMIG  Грузија
 Абхазија (независноста од Грузија е непризнаена од меѓународната заедница)
Овозможување на прекин на огнот помеѓу Грузија и абхазиските сепаратисти по Абхазиската војна. Русија ставила вето на екстензијата во јуни 2009 година.
1993 година 1996 година Мисија за набљудување во Либерија UNOMIL  Либерија Набљудување на прекинот на оган и избори по Првата граѓанска војна во Либерија. Завршила во јуни 1997 година.
1993 година 1996 година Мисија во Хаити на Обединетите нации UNMIH  Хаити Стабилизација на Хаити по неуспешниот државен удар. Завршила во јуни 1996 година.
1993 година 1996 година Придружна мисија во Руанда на Обединетите нации UNAMIR  Руанда Набљудување на прекинот на оган и поддршка на олеснителните напори по Геноцидот во Руанда. Завршила во март 1996 година.
1994 година 1994 година Група за набљудување во Појасот Аузу на Обединетите нации UNASOG  Чад Набљудување на либиското повлекување од оспорената територија доделена од Меѓународниот суд на правдата на Чад. Завршила во јуни 1994 година.
1994 година 2002 година Мисија на набљудувачи во Таџикистан на Обединетите нации UNMOT  Таџикистан Набљудување на прекинот на оган во Граѓанската војна во Таџикистан. Завршила во мај 2000 година.
1995 година 1997 година Трета Мисија за верификација на Ангола на Обединетите нации UNAVEM-III  Ангола Набљудување на прекинот на оган и разоружување. Завршила во јуни 1997 година.
1995 година 1996 година Операција за враќање на самодовербата во Хрватска на Обединетите нации UNCRO  Хрватска Обиди за овозможување на прекин на огнот во Војната во Хрватска. Завршила во јануари 1996 година.
1995 година 1999 година Сила за превентивно распоредување на Обединетите нации UNPREDEP  Македонија Замена на UNPROFOR во Македонија и набљудување на границата со Албанија. Завршила во февруари 1999 година.
1995 година 2002 година Мисија во Босна и Херцеговина на Обединетите нации UNMIBH  Босна и Херцеговина Набљудување на човековите права, деминирање, и помош по Босанската војна Завршила на 31 декември 2002 година.
1996 година 1998 година Транзициска администрација за Источна Славонија, Барања и Западна Сирмија на Обединетите нации UNTAES Источна Славонија, Барања и Западна Сирмија Супервизија на интеграцијата на регионот кон Хрватска. Завршила во јануари 1998 година.
1996 година 2002 година Мисија на набљудувачи во Превлака на Обединетите нации UNMOP  Хрватска Набљудување на демилитаризацијата на Превлашкиот полуостров, Хрватска. Завршила во декември 2002 година.
1996 година 1997 година Мисија за поддршка во Хаити на Обединетите нации UNSMIH  Хаити Модернизирање на полицијата и армијата на Хаити. Завршила во јули 1997 година.
1997 година 1997 година Мисија за верификација на Гватемала на Обединетите нации MINUGUA  Гватемала Набљудување на прекинот на оган во Граѓанската војна во Гватемала. Завршила во мај 1997 година.
1997 година 1999 година Мисија за набљудување на Ангола на Обединетите нации MONUA  Ангола Набљудување на прекинот на оган и разоружување. Завршила во февруари 1999 година.
1997 година 1997 година Мисија за транзиција на Хаити на Обединетите нации UNTMIH  Хаити Помош за стабилизација на Хаити. Завршила во ноември 1997 година.
1997 година 2000 година Мисија за цивилната полиција во Хаити на Обединетите нации MIPONUH  Хаити Модернизација на полицијата на Хаити. Завршила во март 2000 година.
1998 година 1998 година Поддршка за цивилната полиција во Хрватска на Обединетите нации UNPSG  Хрватска Надзор врз полицијата на Хрватска. Завршила во октомври 1998 година.
1998 година 2000 година Мисија во Централноафриканската Република на Обединетите нации MINURCA  ЦАР Одржување на безбедноста и стабилноста во Централноафриканската Република. Завршила во февруари 2000 година.
1998 година 1999 година Мисија за набљудување во Сиера Леоне на Обединетите нации UNOMSIL  Сиера Леоне Надзор врз разоружувањето и демобилизацијата во Граѓанската војна во Сиера Леоне. Завршила во октомври 1999 година.
1999 година Во тек Привремена мисија на Косово на Обединетите нации UNMIK  Косово
 Србија (против независност)
Добивање административна власт, вклучително и спроведување на правдата во Република Косово.  
1999 година 2005 година Мисија во Сиера Леоне на Обединетите нации UNAMSIL  Сиера Леоне Помош за стабилизација и разоружување на Сиера Леоне. Завршила во декември 2005 година.
1999 година 1999 година Мисија во Источен Тимор на Обединетите нации UNAMET  Индонезија
Индонезиски Источен Тимор
Надгледување на популарното мислење за референдум во однос со политиката на Индонезија. Завршила во 1999 година, заменета со следната мисија UNTAET.
1999 година 2002 година Транзициска администрација во Источен Тимор на Обединетите нации UNTAET  Индонезија
Индонезиски Источен Тимор
 Источен Тимор (независен)
Транзиција на Источен Тимор кон независност. Завршила во мај 2002 година.
1999 година 2010 година Мисија за организација во Демократска Република Конго на Обединетите нации MONUC  ДР Конго Набљудување на прекинот на оган во Демократска Република Конго. Завршила во јуни 2010 година.

00-ти години на XI век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
2000 година 2008 година Мисија во Етиопија и Еритреја на Обединетите нации UNMEE  Етиопија
 Еритреја
Спроведување прекин на огнот по војната во Еритреја - Етиопија. Завршила во јули 2008 година откако Еритреја (принудени да ги истераат трупите на ООН) и Етиопија (одбиле да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата за границата) одбиле да соработуваат.
2002 година 2005 година Мисија за поддршка во Источен Тимор на Обединетите нации UNMISET  Источен Тимор Обезбедување на сигурноста и стабилизирање на современата состојба по независноста на земјата. Завршила во мај 2005 година.
2003 година 2018 година Мисија во Либерија на Обединетите нации UNMIL  Либерија Надзор на примирјето и обука на националната полиција по Втората граѓанска војна во Либерија.
2004 година 2017 година Операција на Обединетите нации во Брегот на Слоновата Коска UNOCI  Брег на Слоновата Коска Олеснување на спроведувањето на мировниот процес по Првата граѓанска војна во Брегот на Слоновата Коска.
2004 година 2017 година Мисија за стабилизација на Хаити на Обединетите нации MINUSTAH  Хаити Враќање на стабилноста на Хаити. Подоцна е координирана безбедносна реакција за земјотресот во Хаити во 2010 година.
2004 година 2006 година Операција во Бурунди на Обединетите нации ONUB  Бурунди Помош во спроведувањето на договорите на Аруша. Завршила во декември 2006 година, заменета со BINUB.
2005 година 2011 година Мисија во Судан на Обединетите нации UNMIS  Судан Поддршка за спроведувањето на Сеопфатниот мировен договор по Втората граѓанска војна во Судан, извршување на одредени функции во врска со хуманитарната помош и заштитата и унапредувањето на човековите права. Завршила во јули 2011 година, наследен од МОНЈС.
2006 година 2012 година Интегрирана мисија во Источен Тимор на Обединетите нации UNMIT  Источен Тимор Поддршка на Владата за консолидирање на стабилноста, унапредување на културата на демократското управување и олеснување на политичкиот дијалог меѓу заинтересираните страни во Тимор, во нивните напори да се воспостави процес на национално помирување и да се поттикне социјално заедништво.
2007 година Во тек Хибридна операција во Дарфур на Обединетите нации и Африканската унија UNAMID  Судан Следење на трговијата со оружје и испораката, овозмжување и прекин на огнот за време на војната во Дарфур.
2007 година 2010 година Мисија во Централноафриканската Република и Чад на Обединетите нации MINURCAT  ЦАР
 Чад
Основана поради бегалската криза од геноцидот во Дарфур во Судан. Завршила во декември 2010 година поради противење на владата на Чад.

10-ти години на XI век[уреди | уреди извор]

Почеток Крај Име Акроним Територија Цел Коментар
2010 година Во тек Мисија за стабилизација на организацијата во Демократска Република Конго на Обединетите нации MONUSCO  ДР Конго Следење на прекинот на оган во Демократска Република Конго.
2011 година Во тек Привремена безбедносна сила за Ајбеј на Обединети нации UNISFA Абјеи е оспорен од:
 Судан Јужен Судан
Да се следи прекинот на огнот во Абјеи.
2011 година Во тек Мисија во Јужен Судан на Обединети нации UNMISS  Јужен Судан Помош на новата држава Јужен Судан.
2012 година 2012 година Мисија за поддршка во Сирија на Обединети нации UNSMIS  Сирија Да се проследи договорот за прекин на огнот во Граѓанската војна во Сирија.
2017 година Во тек Мисија за поддршка на правдата на Хаити на Обединети нации MINUJUSTH  Хаити Помош на Владата за понатамошен развој на националната полиција на Хаити (HNP); зајакнување на институциите за владеење на правото на Хаити, вклучително и правдата и затворите; и промоција и заштита на човековите права во Хаити.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]