Врбјани (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Врбјани, Прилепско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Врбјани
Врбјани is located in Македонија
Врбјани
Местоположба на Врбјани во Македонија
Координати 41°19′54″N 21°23′21″E / 41.33167° N; 21.38917° E / 41.33167; 21.38917Координати: 41°19′54″N 21°23′21″E / 41.33167° N; 21.38917° E / 41.33167; 21.38917
Регион Прилепско Поле
Општина Coats of arms of None.svg Општина
Население 294 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7509
Надм. вис. 573 м
Слава Свети Никола летен, 2 јуни
Мреж. место Врбјани
Врбјани на општинската карта
Врбјани во Општина Кривогаштани.svg

Атарот на Врбјани во рамките на општината


Врбјани — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името Врбјани го добило по тоа дека во селото имало многу врби и по тоа селаните почнале да го викаат Врбјани.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Врбјани е сместено во средишниот дел на големата житница Пелагонија. Врбјани е во составот на Општина Кривогаштани. Врбјани се граничи со следните села: од исток со селото Славеј, од запад со Кривогаштани, од север со селата Вранче и Заполжани и од југ со селото Боротино. Најблиските градови се во непосредна близина околу 15 километри. Најголем административен и културен живот има во Прилеп кој е многу посетен од населението од Врбјани. Времето во врбјани во летниот период е многу топло, а во зимскиот период е многу ладно.

Историja[уреди | уреди извор]

Се споменува дека Врбјани постоело пред 1465 година.

На крајот на XIX век, селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 364 жители христијани Македонци.[1] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 288 христијани Македонци.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во Врбјани најмногу се занимава со земјоделство и со сточарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Врбјани живееле 364 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбјани имало 288 Македонци, од кои 184 под врховенството на Бугарската егзархија и 104 патријаршисти.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Врбјани живеат 294 жители, сите Македонци.[5]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 364[3] 288[4] 527 516 503 468 431 334 316 294

Населението во врбјани по стапката на наталитет и мортралитет се наоѓа во села кои се делумно стари, а причина за тоа е зошто повеќето млади луѓе кои се за женидба ја надминале старосната граница над 30 години и се потешко да ја најдат својата животна сопатничка. Со мигрирањето село во град населението многу го напуштило селото во барањето на подобар живот во градот.

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото нема староседелски родови. Денешното село е обновено средината на XVIII век. Први кои дошле биле родовите Коруновци и Поповци, по нив се населиле и други родови.[7]

Родови во селото се следните:

  • Доселеници: Поповци (5 к.) и Коруновци (3 к.) се најстари родови во селото, и основачи на денешното село. потекнуваат од ист предок, доселени се во средината на XVIII век од селото Врбјани во Дебрца. Го знаат следното родословие: Петко (жив на 84 г. во 1955 година) Цветко-Митре-Корун, се доселил таткото на Корун; Јадровци (3 к.) и Дамчевци (3 к.) порано чинеле еден род, и тие се доселени од охридско; Митревци (5 к.), Трајчевци (3 к.), Пејовци (14 к.) и Стевановци (2 к.) некогаш чинеле еден род -Јевтинџиовци, доселени се од селото Кореница; Колчаковци (4 к.) доселени се од селото Обршани; Србиновци (4 к.) потекнуваат од селото Тројкрсти. Од таму се иселиле Крушеани, а потоа преминале во Врбјани; Тошевци (4 к.), Лозановци (3 к.), Станковци (2 к.) и Цепивировци (1 к.). Некогаш биле еден род. Доселени се, но не знаат точно од каде; Крбалевци (5 к.) доселени се од селото Боротино; Јошевци (4 к.) доселени се од селото Крушеани; Чачаровци (2 к.) доселени се во XIX век од селото Големо Коњари.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
Археолошки наоѓалишта[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Локалната самоуправа Кривогаштани ги дели селата на месни заедници. Месната заедница во село Врбјани се состои од: -Претседател -Секреатар -Благајник и други членови.

Претседател на месната заедница Врбјани е Крстески Кирил - Мангата. Во Врбјани има подржувачи за сите политички партии, а најмногу за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1518 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 223 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости во село Врбјани се црквата Св.Никола која потекнува од XVIII век. Старата кула која била од Јордан Бомбол се уште е во афтентична состојба.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Настани кои редовно се одржуваат во село врбјани е „Велигденскиот панаѓур“ и селската слава Св.Никола која се слави на 2 јуни и е празник на целото село кое го слави како свој заштитник.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во спортскиот живот во Врбјани доминира фудбалот кој се игра од 1950 година. Фудбалскиот клуб „Македонија Врбјани“ успешно се натпреварува во Општинската лига на Градот Прилеп. По заначајни успеси на фудбалскиот клуб „Македонија Врбјани“ се девет први места и настап во регионалната лига.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од далечни времиња населението во село Врбјани постепено почнало да се иселува на другите континенти во барањето на подобар живот и подобра живееачка. Најмногу иселеници има во Австралија, САД и западните ввропски држави.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  2. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  3. 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.150 – 151.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. 10,0 10,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]