Прејди на содржината

Врбештица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Врбештица
Vërbeshticë
Населба
Основно училиште во Врбештица
Основно училиште во Врбештица
Врбештица is located in Косово
Врбештица
Врбештица
Координати: 42°14′12″N 20°58′44″E / 42.23667°N 20.97889°E / 42.23667; 20.97889
ДржаваКосово
ОкругУрошевачки
ОпштинаШтрпце
Надм. вис.&10000000000000974000000974 м
Население (2024)
  Вкупно320
Час. појасCET
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC)
Пошт. бр.73000
Повик. бр.0290
Рег. таб.05

Врбештица (албански: Vërbeshticë) — населено место во општината Штрпце, Урошевачкиот Округ, Косово. Според пописот од 2024 година имало 320 жители.[1] Словенското население во селото зборува торлачки и се смета за српско. Селото е населено со Срби.

Население

[уреди | уреди извор]

Според истражувања од 1938 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Будурини (2 к.).
  • Доселеници: Бонтини (4 к.) и Костини (4 к.), доселени се, но не знаат од каде; Борзанови (9 к.) доселени се од Долен Полог во почетокот на XIX век. Овде дошол предокот Борзан, чиј имот бил одземен од муслиманите. Го знаат следното родословие: Стаја (жив на 60 г. во 1938 година)–Станисав–Ѓорѓија–Борзан. Радуњоќи (15 к.), постари доселеници од Скопско; Орлоќеви (32 к.), потекнуваат од Гусиње во Црна Гора, од каде избегале во с. Букош во Подрима (Метохија). Нивниот предок се доселил во селото кон крајот на XVIII век поради крвна одмазда. Станислављеви (19 к.) доселени се од „другата страна на Дрим (Албанија)“ околу средината на XVIII век; Павлеви (10 к.) и Ивкови (11 к.), доселени заедно со претходниот род како „три браќа“; Бандулиќи (3 к.), гранка на родот Станислављеви.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. All places: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2011, 2024 censuses pop-stat.mashke.org
  2. Урошевић, Атанасије (1948). „Шарпланинска жупа Сиринић“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет. Скопје: Филозофски факултет - Скопје: 170 (56).