Враќањето на отпишаните (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Враќањето на отпишаните“ (српски: Повратак отписаних) — југословенски филм од 1976 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ, а автори на сценариото се Драган Марковиќ и Гордан Михиќ. Тој претставува продолжение на филмот „Отпишаните“, а поради големата популарност, две години подоцна била снимена и истоимената телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Воја Брајовиќ, Злата Петковиќ, Павле Вуисиќ, Александар Берчек, и Стево Жигон.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Летото 1944 година, Прле (го игра Николиќ) и Тихи (го игра Брајовиќ), кои се веќе искусни партизани, заедно со Јоцо (го игра Вуисиќ), добиваат задача тајно да се префрлат во Белград. Групата го заробува автомобилот на министерот во српската влада, а Јоцо се преправа во српскиот министер. Патем, нив ги заробува група четници, но партизаните успеваат да ги совладаат. Меѓутоа, подоцна, тие се заробени од еден паризански одред и осудени се на смртна казна, но во последен миг успеваат да докажат дека се партизани. Тука добиваат германски мотоцикл и Прле, Тихи и Јоцо влегува во Белград, иако таму ги чекаат специјалната полиција и Гестапо. Потоа, партизаните успешно извршуваат неколку опасни задачи.

Наводи[уреди | уреди извор]