Врати се, љубов моја
„Врати се, љубов моја“ (англиски: Lover Come Back) или „Пижама за двајца“ – филм на режисерот Делберт Ман од 1961 година. Главните улоги ги играат: Рок Хадсон, Дорис Деј и Тони Рендал.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Џери Вебстер (го игра Хадсон) и Керол Темплтон (ја игра Деј) работат во конкурентски агенции за рекламирање. Изнервирана од Џериевите методи — употребата на алкохол и жени за да обезбеди договори за својата агенција - Керол се обидува да го исфрли Џери од професијата. Како противмерка, Џери подмитува една девојка да сведочи против него, а тој ѝ дава главна улога во ТВ-рекламата за измислениот производ наречен „ВИП“. Меѓутоа, рекламата случајно се прикажува на телевизијата и Џери, за да ја задржи работата,мора да го измисли производот „ВИП“, а во тоа му помага доктор Лајнус Тајлер. Керол го посетува докторот со намера да дојде до производот, но бидејќи таа и Џери никогаш претходно не се виделе, помислува дека Џери е докторот. Џери ја користи ситуацијата за да ја освои.