Војчех Шченсни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Полска Војчех Шченсни
Wojciech Szczesny 2011.jpg
Лични податоци
Полно име Војчех Томаш Шченсни[1]
Роден на 18 април 1990 (1990-04-18) (воз. 27 г.)[1]
Роден во Варшава, Полска
Висина &100000000000001960000001,96 м[2]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 23
Младинска кариера
Агрикола Варшава
Легија Легија Варшава
Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2017 Арсенал Арсенал 132 (0)
2009-2010 Брентфорд Брентфорд 28 (0)
2015-2017 Рома Рома 72 (0)
2017- Јувентус Јувентус 0 (0)
Репрезентација
2007-2010 Полска Полска 20 4 (0)
2009-2012 Полска Полска 21 7 (0)
2009- Полска Полска 28 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Војчех Шченсни (роден на 18 април 1990 во Варшава) е полски фудбалер, голман на Јувентус и на полската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е син на поранешниот полски голман Мацеј Шченсни.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Легија Варшава[уреди | уреди извор]

Шченсни тренирал во Агрикола Варшава како млад играч; наскоро, тренерот на голманите на Легија Варшава, Кшиштоф Довхан, останал толку многу импресиониран од талентот на Шченсни, па му дозволил да учествува во тренинг-кампот со првиот тим на Легија на возраст од 15 годиниво јануари 2005 во Кипар, придружувајќи им се потоа.[3][4]

Арсенал[уреди | уреди извор]

Младински категории и дебито за првиот тим[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Шченсни му се приклучил на младински состав на Арсенал, напредувајќи во резервниот тим за време на сезоната 2008-2009. Во ноември 2008 година, тој загубил рамнотежата, подигајќи голема тежина и двети подлактици му биле скршени, што предизвикало да пропушти пет месеци од сезоната.[5] Шченсни се појавил за првпат на клупата за резерви на првиот тим на Арсенал во натпреварот од Премиер лигата против Стоук Сити на 24 мај 2009, останувајќи неискористена замена во победата на топџиите со 4-1 на Емирати.[6]

На почетокот на сезоната 2009-2010, Шченсни бил прекомандуван во сениорскиот состав играјќи со бројот 53. На 22 септември 2009 година, тој го направил своето деби за првиот тим во третото коло на Лига купот, одржувајќи ја својата мрежа сува во победата со 2-0 против Вест Бромвич Албион.[7] Во декември 2009 година, менаџерот Арсен Венгер открил дека тој и останатиот тренерски персонал на Арсенал имаат големи надежи за Шчесни, велејќи: "Ние го идентификувавме Војчех како иден голем голман". Еден месец подоцна, тој додал: "Јас навистина верувам во него дека тој еден ден ќе биде број еден на Арсенал. Тој ги има сите квалитети што можете да ги посакате од еден голман."

Заемот во Брентфорд[уреди | уреди извор]

На 20 ноември 2009 година, Шченсни му се приклучил на Брентфорд на едномесечена позајмица. Во неговиот втор натпревар за клубот тој одбранил пенал, во поразот со 1-0 од Викомб Вондерерс. Шченсни го завршил својот петти натпревар за Брентфорд на 12 декември 2009 година, правејќи голем број на одбрани со кои го спречил Лидс Јунајтед да постигне гол во ремито 0-0 по што бил прогласен за играч на натпреварот.[8] На 22 декември, Арсенал се согласил да го продолжи заемот за уште еден месец до 17 јануари 2010 година,[9] а потоа до 31 јануари. На крајот, истиот бил продолжен до 31 мај. Во април менаџерот на Брентфорд Енди Скот рекол: "Неговите изведби сугерираат дека тој неможе да нема место во некој од клубовите во Чемпионшип или дури во Премиер лигата. Стигнавме до фазата кога ќе прими гол, да се чудиме како е можно тој да не го одбрани." Една година подоцна, Скот бил разрешен од позицијата менаџер на Брентфорд, а Шченсни го критикувал клубот на Твитер, наведувајќи: "Каква шега! Енди Скот отпуштен?! Тој е фантастичен менаџер и Брентфорд ќе ја плати цената за ова. Тие се бореа за опстанок во Лига Два кога Енди ја презеде функцијата! Тој е единствената причина зошто Брентфорд е во Лига Еден."[10] Во февруари 2015 Шченсни бил именуван за 'Голман на декадата' на Брентфорд во една клупска анкета.[11]

Враќање во Арсенал и прв голман на тимот[уреди | уреди извор]

Шченсни во натпревар на Арсенал во ноември 2011

Шченсни се вратил во Арсенал за сезоната 2010-2011. На 27 октомври 2010 година, Шченсни го направил својот втор настап за Арсенал повторно во Лига купот, одржувајќи сува мрежа против Њукасл Јунајтед на Сент Џејмс Парк запирајќи притоа бројни обиди од играчите на Њукасл.[12] Тој потпишал нов долгорочен договор на 11 ноември 2010 година, благодарение на неговиот татко и неговиот голмански тренер Џош Фелан, за да му помогне да напредува во неговата пробијна сезона.[13] Шченсни го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 1-0 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд на 13 декември 2010 година, откако и двајцата први голмани Лукаш Фабијански и Мануел Алмунија го пропуштиле натпреварот поради повреда.[14] На 8 јануари 2011 година, тој го започнал натпреварот од третото коло на ФА Купот против Лидс Јунајтед. Следниот викенд, Шченсни ја забележал својата прва сува мрежа во лигата при победата од 3-0 над Вест Хем Јунајтед на Аптон Парк. По серијата добри настапи на Шченсни на неколку последователни натпревари во Премиер лигата, Арсен Венгер потврдил дека тој ќе остане прв избор на голманската позиција во Арсенал, наведувајќи "тој не направи ништо погрешно за да ме натера да го извадам". На 16 февруари, Шченсни го направил своето деби во Лигата на шампионите против Барселона на Емирати, правејќи неколку важни одбрани за победата со 2-1. На 27 февруари, Шченсни допуштил победнички гол за Бирмингем Сити во последната минута од финалето на Лига купот; по една уфрлена топка од голманот на противникот се ствроила конфузија во шеснаесетникот на Арсенал меѓу него и дефанзивецот Лоран Косчиелни, па откако Косчиелни ја промашил топката таа се одбила од Шченсни и завршила точно пред напаѓачот на Бирмингем Обафеми Мартинс, кој од блиско растојание ја претворил во победнички погодок за неговиот тим.

Во јули 2011 година, Шченсни изразил желба да продолжи како прв голман на голот на Арсенал до крајот на својата кариера. За сезоната 2011-2012 го променил бројот на дресот од 53 на 13, број кој претходно бил носен од страна на Александар Хлеб и Јенс Леман. Во текот на оваа сезона тој станал незаменлив меѓу стативите на Арсенал, играјќи во сите минути на тимот во натпреварите од Премиер лигата.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 19 јули 2017, Јувентус го ангажирал Шченсни за сума од 12,2 милиони евра плус 3,1 милиони евра во бонуси, потпишувајќи четиригодишен договор со полскиот голман.

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Арсенал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Wojciech Szczesny“. Barry Hugman's Footballers. http://hugmansfootballers.com/player/25480. конс. 7 јуни 2015 г. 
  2. Player Profile: Wojciech Szczęsny“, Premier League (конс. 31 јануари 2012 г).
  3. Ranking polskich bramkarzy według Dowhania
  4. „Piłka nożna: Dziś Legia odlatuje na Cypr“ (на pl). gazeta.pl. http://warszawa.wyborcza.pl/warszawa/1,34870,2520927.html. конс. 17 lipca 2010 г. 
  5. Дејвид Хајтнер (11 февруари 2011). „Inside the weird world of Arsenal's new No1, Wojciech Szczesny“. Guardian. https://www.theguardian.com/football/2011/feb/04/arsenal-wojciech-szczesny. конс. 4 август 2017 г. 
  6. Arsenal 4-1 Stoke“, BBC Sport, 24 мај 2009 (конс. 26 јули 2015 г).
  7. „Arsenal 2–0 West Brom“. BBC Sport. 22 септември 2009. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/league_cup/8256834.stm. 
  8. „Brentford 0–0 Leeds United“. BBC Sport. 12 декември 2009. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/eng_div_2/8398127.stm. 
  9. „Brentford extend goalkeeper Wojciech Szczesny's loan“. BBC Sport. 22 декември 2009. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/teams/b/brentford/8426813.stm. 
  10. Gunner Szczesny hot over Scott sacking“, Mirror Football, 3 февруари 2011 (конс. 15 април 2012 г).
  11. Wojciech Szczesny, Michael Turner, Jonathan Douglas, Lloyd Owusu named in Brentford Team of Decade
  12. „The Nets Big Thing“. ministryofglove. 29 октомври 2010. https://ministryofglove.wordpress.com/2010/10/29/wojciech-szczesny-arsenal/. конс. 4 август г. 
  13. „Interview with Arsenal’s new No1, Wojciech Szczesny“. Arsenal.ie. 6 февруари 2011. http://arsenal.ie/interview-with-arsenals-new-no1-wojciech-szczesny/. конс. 4 август 2011 г. 
  14. „Park strike puts United on top of Premier League“. 13 декември 2010. http://www.soccernews.com/park-strike-puts-united-on-top-of-premier-league/66680/. конс. 4 август 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]