Војчех Јарузелски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Војчех Јарузелски
Wojciech Jaruzelski.jpg
Претседател на Полска
Прв претседател на третата република
На должноста
19 јули 1989 – 22 декември 1990
Наследник Лех Валенса
На должноста
1980 – 22 декември 1990
Претходник нема
Лични податоци
Роден(а) 6 јули 1923
Курув, Полска
Починал(а) 25 мај 2014
Варшава, Полска
Професија генерал, воен офицер
Вероисповед Католик

Војчех Витолд Јарузелски (полски: Wojciech Witold Jaruzelski) (6 јули 1923 - 25 мај 2014) — полски воен офицер и политичар. Тој бил прв секретар на полската Обединета работничка партија од 1981 до 1989 година, и како таков бил последниот лидер на Народна Република Полска. Исто така бил премиер од 1981 до 1985 година и шеф на државата од 1985 до 1990 година (насловен како претседател на Државниот совет од 1985 до 1989 година и како претседател од 1989 до 1990 година). Војчех Јарузелски исто така бил последниот командант на Полската народна армија (ЛВП). Поднел оставка по Полскиот договор на тркалезната маса во 1989 година, што довело до демократски избори во Полска, со што е окончан и симнат комунистичкиот режим во Полска.