Војска сенки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Војска на сенки (француски: L'armée des ombres) - француски филм од 1969 година во режија на Жан-Пјер Мелвил. Филмот претставува екранизација на истоимениот роман на Жозеф Кесел. Главните улоги ги играат: Лино Вентура, Пол Мерис, Жан-Пјер Касел, Симон Сињоре, Клод Ман, Пол Кроше и Кристијан Барбие.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филип Жербие (го игра Вентура), припадник на француското движење на отпорот, е уапсен и затворен. Еден ден, Гестапо го носи во својот штаб, но Филип успева да побегне. Потоа, тој организира разни акции, заедно со неговите соработници Феликс (го игра Кроше), Бизон (го игра Барбие), Маска (го игра Ман) и Жан-Франсоа (го игра Касел), вклучувајќи го и префрлањето на шефот на движењето на отпорот Лик Жарди (го игра Мерис) во Лондон. Тогаш, тој добива порака дека Феликс е уапсен, па веднаш се враќа во Франција, каде соработува со Матилда (ја игра Сињоре), способна жена која извршува неверојатно храбри потфати. Таа успева да влезе во затворот со цел да го спаси Феликс, но тој е во многу тешка здравствена состојба и акцијата за неговото спасување пропаѓа. Истовремено, Жан-Франсоа намерно му се предава на Гестапо и влегува во ќелијата во која е затворен Феликс каде умираат двајцата. Матилда го предупредува Филип дека е во опасност и му предлага да замине во Лондон, но тој одбива, а набргу е уапсен, затворен и осуден на смртна казна. Сепак, во мигот кога се извршува смртната казна, Матилда успева да го ослободи и да го скрие на сигурно место. Додека закрепнува, Филип дознава е уапсена Матилда и дека Гестапо ја уценува со животот на нејзината ќерка. Затоа, Филип донесува одлука да ја ликвидираат Матилда. Филмот завршува со информација дека подоцна, Филип и неговите соработници биле уапсени и убиени.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]