Војнички блуз (филм од 1960)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Војнички блуз (англиски: G.I. Blues) - американски филм од 1960 година, во режија на Норман Таурог, според сценариото на Едмунд Белоин и Хенри Гарсон. Главните улоги ги играат: Елвис Пресли, Џулиет Прауз, Роберт Ајверс и Едсон Строл. Музиката од филмот била номинирана за наградата „Греми“ во две категории.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Тулса Меклин (го игра Пресли) е американски војник во Германија. Тој сака да пее и сонува за тоа да отвори свој ноќен клуб, кога ќе ја напушти армијата. Тој се обложува со својот пријател Динамит (го игра Строл) дека ќе ја помине ноќта со танчерката Лили (ја игра Прауз) за која се зборува дека тешко може да се освои...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]