Војник на судбината

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Војник на судбината“ (англиски: Soldier of Fortune) — американски филм од 1955 година, во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk) по сценариото на Ернест К. Ган (Ernest K. Gann), засновано врз истоимениот роман. Главните улоги ги толкуваат: Кларк Гејбл (Clark Gable), Сузан Хејворд (Susan Hayward), Мајкл Рени (Michael Rennie) и Џин Бери (Gene Barry).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Џејн Хојт (ја игра ) заминува во Хонгконг за да го пронајде сопругот, фотографот Луис, кој исчезнал пред три месеци. Откако дознава дека кинеската влада го држи во заробеништво, таа бара помош од криумчарот Хенк Ли (го игра Гејбл), човек кој е подготвен да направи сè за пари. Меѓу нив веднаш се раѓа двострана привлечност, но Џејн не сака да го остави сопругот на цедило. За да го освои нејзиното срце, Хенк мора да се потруди да го спаси Луис...

Наводи[уреди | уреди извор]