Војната од 1812.

Војната од 1812 година била воен конфликт меѓу Соединетите Држави и Британската империја која не резултирала со територијални промени, но решила многу прашања останати од Американската војна за независност. Соединетите Држави објавиле војна од неколку причини: поради трговските ограничувања предизвикани од британската војна против Франција, принудувајќи ги американските трговски морнари да се приклучат на Кралската морнарица; поради британската поддршка на индијанските племиња против американската експанзија, бес поради навредата на националната чест по американското понижување на отворено море и американска желба за анексија на Канада.[1]
Војната се водела на три главни фронта. Прво, на море, воени бродови и пирати од двете страни ги напаѓале трговските бродови на спротивната страна, додека Британците го блокирале американскиот брег на Атлантикот и започнале големи напади во подоцнежните фази на војната. Понатаму, копнените и поморските битки се воделе на американско-канадската граница, долж Големите езера и реката Сен Лорен. На третото бојно поле, на американскиот југ и на брегот на Мексиканскиот залив, исто така се воделе големи копнени битки во кои американските сили ги поразиле британските индијански сојузници и ги одбиле британските инвазивни сили во Њу Орлеанс. Двете страни ја напаѓале територијата на другата, но овие упади биле неуспешни или со привремен успех. На крајот на војната, двете страни окупирале делови од територијата на противникот, но тие биле вратени со Договорот од Гент.[1]
Поради преокупираноста на поголемиот дел од воените сили со војни во Европа до 1814 година, Британците најпрво воделе одбранбена стратегија за време на американските напади на Долна и Горна Канада. До 1813 година американската армија го освоила езерото Ири, делови од западен Онтарио и ја уништила индијанската конфедерација на Тикамси, а со тоа и можноста за независна индијанска држава во Северна Америка поддржувана од Британската империја. На северозапад, генералот Ендру Џексон уништил војска на Крик Индијанците во битката кај Хорсшу Бенд во 1814 година. По поразот на Наполеон април 1814 година, Британците усвоиле поагресивна стратегија и испратиле три големи војски за инвазија. Британската победа во битката кај Бладенсбург во август 1814 година им овозможила да го заземат и запалат Вашингтон. Американските победи во септември 1814 година и јануари 1815 година ги одбиле сите три британски инвазии на Њујорк, Балтимор и Њу Орлеанс .
Во САД, победите во Балтимор во 1814 г. (што ги инспирирале стиховите на американската химна) и Њу Орлеанс во 1815 година произвеле национална еуфорија што ја нарекле „Втора војна за независност“. После тоа, следел период наречен „ доба на добрите чувства “, поради обединувањето на населението на САД. Канада, исто така, излегла од војната со засилено чувство на национална припадност и солидарност, главно поради успешната одбрана од американските напади. Битките како што се битката кај Квинстон Хејтс и Битката кај Крајслер фармата станале легендарни за Англо-Канаѓаните. Во Онтарио, војната против САД сè уште се нарекува „американска експанзионистичка инвазија“ и се слави победата на Канада. Во Велика Британија, војната се сметала само како секундарен вооружен конфликт во рамките на Наполеоновите војни .
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- POTSI: American War of 1812.
- Partial list of Bermudian-built Royal Naval vessels. From The Andrew and the Onions, by Lt. Cmdr. I. Strannack.
- American Military History - The War of 1812
- The War of 1812 Website
- Casebook: The War of 1812
- President Madison's 1812 War Message, with lesson plans and numerous primary documents from US and Britain regarding the causes of the war
- Treaty of Ghent and related resources on the War of 1812 at the Library of Congress
- Galafilm's War of 1812 website
- Key Events of the War of 1812
- War of 1812 from the James Madison Center of the James Madison University
- militaryheritage.com Large collection of articles
- Historycentral.com War of 1812
- The journal of Major John Norton (Toronto: Champlain Society, 1970)
- The War of 1812 Niagara Region
- New York State Military Museum:Black Americans in the US Military from the American Revolution to the Korean War: The War of 1812
- The War of 1812
- Battle of Plattsburgh & War of 1812
- American Privateers in The War Of 1812 Архивирано на 5 март 2021 г.
- Bermuda Online: Bermuda's Royal Navy base at Ireland Island. Архивирано на 25 јануари 2021 г.