Воскресенска црква (Подилски реон - Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воскресенска црква
Воскресенська церква
Место  Киев
Земја  Украина
Историја
Основана 1670
Архитектура
Урната 1930

Воскресенската црква (украински: Воскресенська церква) е поранешна црква која се наоѓала во Киев, Украина.

Првата црква посветена на Христовото Воскресение била изградена во текот на 16 век. Таа дрвена црква на верниците служела до 1670 година кога била срушена и на нејзино место била изградена нова црква. Денеска не се знае кој точно бил главниот архитект за изградба на црквата. Храмот нил изграден во украински барок стил.

Во текот на својата историја, црквата била на неколку пати реновирена, како во 1732 и во 1809 година, кога била изградена и нејзината камбанерија. Во 1811 година, црквата била опфатена од голем пожар и голем дел од иконостасот бил изгорен.

Во текот на 1930 година, Воскресенската црква била разрушена.