Вонбродски мотор
Вонбродски мотор е погонски систем за чамци.
Општа употреба
[уреди | уреди извор]Вонбродските мотори за чамци е самостојна единица со мотор, придруни системи и пропелер, предвиден за прицврстување на пловилото (одзади). Ова е најчестиот метод на продвижување на мали пловила.
Покрај погон, вонбродските мотори служат и за управување, така што стожерираат (се вртат) и така ја контролираат насоката на пропелерот. Ногарката за пренос во водата исто така игра улога на кормило дури и кога пропелерот не се движи.
Кога бродовите се вон употреба или во плитки води, моторите може да се навалуваат нанапред над местото на прицврстување за да го подигнат поропелерот и осовината за пренос вон водата и со тоа да спречат собирање на алги или удирање во подводни опасности како карпи.
Типови мотори
[уреди | уреди извор]Малите вонбродски мотори се навистина самостојни, со вградени резервоари и контроли поставени на самиот мотор. Овие се управуваат со управувачки лост кој е дирдектно сврзан со моторот. Овие мали мотори се лесни - може да бидат и 12 кг, а да бидат доволно силни за да движат мало кајче со брзина од 15 км/ч, многу побрзо отколку со весла. Овие се мошне преносливи и се откачуваат од пловилото со одвртување на прицврстувалките. Тие обично имаат рачно палере, додека поголемите типови имаат електрично палење налик на она кај автомобилите.
Производителите прават и големи вонбродски мотори, доволно моќни за да движат чамци со должина од 9 метри или повеќе. Постојат и елекрични вонбродски мотори. Овие имаат специјализирана примена. Вонбродските мотори можат да се најдат и во дизел варијанти, но нивната тежина и цена ги прават непрактични за највеќето намени.
Поризведени се и некои мотори на принцип на воден млаз наместо пропелер. Овие не прават никаква кавитација и со тоа се поманеврабилни и можат да работат во многу плитки води. Меѓутоа нивната ниска ефикасност споредена со онаа на пропелерите ја ограничува нивната примена.
Историја и развој
[уреди | уреди извор]Првиот практичен вонбродски мотор го конструирал норвешкиот-американски изумител Оле Евинруд во 1909.
Историски, највеќето вонбродски мотори биле двотактни заради нивната едноставност (и затоа сигурност), ниска цена, и висок сооднос на сила на тежина - проблемот со тежината станал важен бидејќи потешките мотори имале проблеми со управувањето. Меѓутоа нивното загадување довело до популарноста на четворотактните вонбродски мотори, особено за поевтините модели. Скапите модели останале двотактни.
Бродските мотори ја имаат предноста на можност за влечење на бескрајни залихи на вода за ладење од езерото/морето; ова ја елиминира потребата за ладилник и венилатор, а со тоа намалувајќи ја комплексноста и тежината на моторот.
Производители
[уреди | уреди извор]- Бритиш Анзани
- Бритиш Сигал
- Евинруд/Џонсон, подружница на Bombardier Recreational Products
- Хонда
- Мерјкјури/Маринер
- Нисан
- Сузуки
- Тохатсу
- Јамаха Моторна Корпорација
Поврзано
[уреди | уреди извор]Патенти
[уреди | уреди извор]- Патент-САД 1001260 - Механизам за поморски погон
- Патент-САД 1011930 - Кануа и други мали пловила