Прејди на содржината

Вол (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зодијачки вол со знакот ниу (牛).
Изрезбан вол во будистички храм, Ајчи, Јапонија, со симбол на земската гранка чоу (丑)

Вол или бивол (кинески: , пинјин: niú, мак. тр.: ниу) — второ од дванаесетте животни од кинескиот зодијак, поврзан со циклус во кинескиот календар и други календари.

Годината на волот се бележи со симболот на земската гранка чоу (). Постојат и месез на волот и час на волот. Второспоменатиот е всушност „двоен час“, од 01:00 до 03:00 ч. Годините на волот се разликуваат според циклусот на небесни стебла, така што постојат пет различни години на волот во период од 60 години. Секоја воловска година е поврзана со еден елемент: оган ( хуо), вода ( шуеј), дрво ( му), метал ( ѓин) и земја ( ту).

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Кинескиот збор ниу () може да се однесува на крава, бик, скопени говеда или бивол. Затоа, ова зодијачко животното нема подразбран пол.

Во зодијакот

[уреди | уреди извор]
Круг од дванаесет статуетки на зодијачки животни изработени од жад.

Поимот „зодијак“ се однесува на класификацијата заснована на месечевиот календар каде секоја година има свое животно во повторлив 12-годишен циклус и тоа животно ја карактеризира годината. Циклусот е заокружување на орбиталниот период на Јупитер, кој трае 11,85 години. Иако потекнува од Кина, овој зодијак веќе долго време е одомаќинет (со извеснии измени) во другите источноазиски земји како Јапонија, Јужна Кореја, Виетнам, Камбоџа и Тајланд. Волот симболизира трудољубивост и трпение. Се смета дека луѓето со овој знак се многу истрајни и своеглави.

Големата трка

[уреди | уреди извор]

Според старите преданија, Жадниот Цар одржал трка за да определи кои животни ќе бидат во календарот, и по кој редослед. Се состоела од трчање и пливање, и пред целта животние морале да преминат голема река. Бидејќи волот бил голем и силен, стаорецот го замолил волот да седи на грб, но неблагодарно скокнал во последен момент пред целта и ја освоил трката.

Годините и петте елементи

[уреди | уреди извор]
Години на шеесетгодишниот циклус.

Луѓето родени во овие датумски опсези се родени во „Година на волот“, и може да носат еден од овие елементни знаци:[1][2]

Почетен датумЗавршен датумНебесна гранка
31 јануари 1805 17 јануари 1806 дрвен вол
17 јануари 1817 4 февруари 1818 огнен вол
4 февруари 1829 24 јануари 1830 земјен вол
23 јануари 1841 9 февруари 1842 метален вол
8 февруари 1853 28 јануари 1854 воден вол
27 јануари 1865 12 февруари 1866 дрвен вол
13 февруари 1877 1 февруари 1878 огнен вол
31 јануари 1889 20 јануари 1890 земјен вол
19 февруари 19015 февруари 1902метален вол
6 февруари 191325 јануари 1914воден вол
24 јануари 192512 февруари 1926дрвен вол
11 февруари 193730 јануари 1938огнен вол
29 јануари 194916 февруари 1950земјен вол
15 февруари 19614 февруари 1962метален вол
3 февруари 197322 јануари 1974воден вол
20 февруари 19858 февруари 1986дрвен вол
7 февруари 199727 јануари 1998огнен вол
26 јануари 200913 февруари 2010земјен вол
12 февруари 202130 јануари 2022метален вол
31 јануари 203318 февруари 2034воден вол
17 февруари 20455 февруари 2046дрвен вол
4 февруари 205723 јануари 2058огнен вол
23 јануари 206910 февруари 2070земјен вол
9 февруари 208128 јануари 2082метален вол
27 јануари 209314 февруари 2094воден вол

Месечев дом

[уреди | уреди извор]

Во традиционалната кинеска астрологија и астрономија небото е поделено на различни астеризми, наречени и кинески соѕвездија. Ова е послично на зодијакот во западната астрологија отколку циклусот од дванаесет животни. Ѕвездите долж еклиптичката рамнина се поделени на групи наречени Дваесет и осум домови. Се сметало дека Месечината секоја ноќ преоѓа од еден до друг дом (или „логор“), па затоа овие се нарекуваат и Месечеви домови. Овие домови се делат на четири групи (од по седум) и се поврзуваат со четирите духовни суштества. Ова важи и за Годината на волот (чоу, 丑). Волот е во небесната област на мистичниот воин или Сјуенву,[3] Во современата астрономија, тука се ѕвездите околу Бета Бик.

Час на волот

[уреди | уреди извор]

Часовите во стара Кина се делеле на 12 двојни часови. Секој од нив соодветствува на животно од кинескиот зодијак, со слична симболика и астролошко значење. Првиот двоен час трае од 11:00 до 01:00 ч.: ова е часот на стаорецот. Вториот е часот на волот, кој трае од 01:00 до 03:00 ч. и се нарекува чоу ().[4]

Основни астролошки елементи

[уреди | уреди извор]
Земска гранка:丑 чоу
Елемент:земја
Страна на светот: север-североисток
Јин-јанг:јин
Месечев месец: 8 јануари - 6 февруари
Годишно време:зима
Надлежни часови: 01:00 - 03:00
Небесен војсководец: санскрит: Чаундула (кинески: 招杜羅)
Среќни цвеќиња:лале, зимзелени растенија, праскини цветови, роза
Среќни броеви:8, 3; Се одбегнуваат: 6, 9
Среќни бои:зелена, црвена, виолетова; Се одбегнуваат: бела, сина
Среќни/поврзани земји:Јапонија, Индија, Финска, Швајцарија, Литванија, Унгарија

Во други земји

[уреди | уреди извор]
Украинска поштенска марка по повод годината на волот.

Виетнамскиот зодијак има бивол наместо вол, а Гурунзите во Непал имаат крава.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „When is Chinese New Year?“. pinyin.info. Посетено на 13 март 2018.
  2. „Year of the Ox, Cow: Love Compatibility, Horoscope, Personality – Chinese Zodiac Sign“. Your Chinese Astrology. Посетено на 13 март 2018.
  3. Wu, Zhonxian and Karin Wu (2014, 2016). Heavenly Stems and Earthly Branches:TianGan DiZhi. London and Philadelphia: Singing Dragon, ISBN 978-1-84819-208-9, 28 and 98
  4. Palmer, Martin, editor, et al., (1986). T'ung Shu: The Ancient Chinese Almanac. Boston: Shambala. ISBN 0-394-74221-4, 34
  5. Arina Sherchan (11 јули 2010). „Tamu (Gurung) Losar Festival“. Архивирано од изворникот на 29 јули 2017. Посетено на 9 јуни 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]