Волтер Барли Грифин
Волтер Барли Грифин | |
---|---|
Роден(а) | 24 ноември 1876 Мејвуд, Илиноис, САД |
Починал(а) | 11 февруари 1937 Лакнау, Индија |
Националност | Американец |
Зданија | Куќа на Емери Канбера |
Волтер Барли Грифин (англиски: Walter Burley Griffin; 24 ноември 1876 — 11 февруари 1937) бил американски архитект и дизајнер, пред сè познат како автор на проектот за изградба на главниот град на Австралија, Канбера. Нему, исто така, му се припишуваат заслугите во развојот на плановите за изградба на катови со основа во облик на буквата „L“, изградбата на автомобилски простор и иновативната употреба на армираниот бетон.
Во своите дела, Грифин бил под влијание на „прерискиот стил“ и се обидувал да развие нов и единствен модерен стил. Најголем дел од животот поминал работејќи заедно со својата сопруга Мерион Махони Грифин. За 28 години соработка, двојката успеала да проектира над 350 градби, пејзажи и урбанистички проекти, а исто така работела и на изработка на градежни материјали, уредување на внатрешен простор и изработка на мебел.
Животопис
[уреди | уреди извор]Младост
[уреди | уреди извор]Грифин се родил на 24 ноември 1876 година во предградието на Чикаго, Мејвуд, во семејството на осигуретелниот агент Џорџ Волтер Грифин. Уште од детството го привлекувал пејзажниот дизајн. Се школувал во Оук Парк, каде се преселил со семејството, а се запишал на архитектонскиот факултет при универзитетот на Илиноис во Урбана Шампејн. Студиите ги завршил во 1899 година и се преселил во Чикаго. Таму, тој две години работел како технички цртач во едно здружение на чикашки архитекти, коишто биле сродни со „прерискиот стил“. Младиот Грифин особено се приврзувал со Луис Саливен и неговата органска архитектура.
Во јули 1901, Волтер успешно го положил испитот за стекнување на право да се занимава со архитектонска дејност во Илиноис. Се вработил во фирмата на Френк Лојд Рајт во Оук Парк, а истовремено од него добил дозвола и да работи на сопствени проекти. Прва порачка на којашто работел била куќата на семејството Емери, коешто било во пријателски односи со семејството Грифин. Во тој период, Грифин ѝ понудил брак на сестрата на Рајт, Межинел, но бил одбиен.
Кариерата во САД
[уреди | уреди извор]На крајот од 1905 година, односите меѓу Грифин и Рајт се влошиле и Волтер си заминал од неговото биро, по што се преселил во Чикаго, каде што работел на приватни порачки. Во 1909, Рајт заминал во Европа, доверувајќи му го раководството на своето биро на Херман фон Холст. Фон Холст го најмил Грифин за изработката на пејзажен дизајн за неколку куќи на Миликин Плејс во градот Декејтер во Илиноис. Во времето на работењето над оваа задача, тој се запознал со Рајтовата соработничка и талентирана архитектка, Мерион Махони, која била пет години постара од него. По две години, Волтер и Мерион стапиле во брак, а на сите идни проекти работеле заедно. Една од најкрупните работи во тој период било проектирањето на неколку приватни куќи и пејзажи во облата Рок Крест Рок Глен во гратчето Мејсон Сити во Ајова. На почетокот на 20. век, во Мејсон Сити работеле многу архитекти кои биле претставници на „прерискиот стил“, така што местото денес се јавува како едно од најголемите застапници на градби од овој стил во природна средина. До 1914 година, Грифин проектира околу 130 куќи и пејзажи.
Кариера во Австралија
[уреди | уреди извор]Скоро по свадбата, двојката се пријавила за учество во натпреварот за создавање на нацрт-план за изгледот на идната престолнина на Австралија, градот Канбера. На 23 мај 1912 година, предлогот на Грифинови бил избран во конкуренција на вкупно 137 предлози, а Волтер бил назначен за раководител по дизајн и изградба на федералниот главен град (Federal Capital Director of Design and Construction). Оваа должност ја извршувал 6 години, постојано испитувајќи го недостигот на средства и негодувањата од страна на месните чиновници, кои внесувале измени во неговите проекти. На крајот од 1920, Грифин поднел оставка и повеќе не учествувал во изградбата на градот.
Хонорарите за проектот за изградбата на Карера му овозможиле на Грифин да отвори архитектонска фирма во Мелбурн. Во 1924, тој си заминал од Мелбурн и се приклучил во проектот за изградбата на предградието на Сиднеј, Келскрег, и таму поминал 10 години. Во последните години од животот, Волтер и Мерион се занимавале со мистицизам, теозофија и антропозофија.[1]
Кариера во Индија
[уреди | уреди извор]Во 1935 година, Грифин заминал во Индија, каде што добил задача да работи на изградбата на универзитетската библиотека во Лакнау. Проектот не бил остварен, но Грифин се вљубил во Индија и останал да живее таму, дотолку повеќе и поради тоа што во Индија добивал доволен број на работни задачи. Во април 1936, му се придружила и сопругата Мерион.
Починал од перитонит на 11 февруари 1937 година во болницата во Лакнау, само пет дена откако бил опериран. Погребан е на месните христијански гробишта. Мерион го завршила проектот за изградба на зградата на издавачката куќа Pioneer Press, над која Волтер работел пред смртта, а потоа се вратила во Австралија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Волтер Барли Грифин во Австралискиот биографски речник
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Walter Burley Griffin Society Incorporated (Австралија) Архивирано на 21 мај 2019 г.
- The Walter Burley Griffin Society of America
Биографии
[уреди | уреди извор]- Волтер Барли Грифин Архивирано на 26 август 2019 г. на страницата на Walter Burley Griffin Society Incorporated
- Волтер Барли Грифин на страницата на Public Broadcasting Service
- Волтер Барли Грифин во Австралискиот биографски речник
|