Волстенхолмов Остров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волстенхолмов Остров
Wolstenholme Island/ Ø
Географија
МестоБафинов Залив, Гренланд
Координати76°24′N 70°22′W / 76.400° СГШ; 70.367° ЗГД / 76.400; -70.367Координати: 76°24′N 70°22′W / 76.400° СГШ; 70.367° ЗГД / 76.400; -70.367
Највисоко издигнување259 м
Управување
ОпштинаКасуитсуп

Волстенхолмовиот Остров е остров во Бафиновиот Залив во општината Касуитсуп во Гренланд.

Островот се наоѓа западно до мореузот Бајлот, во близина на јужниот брег на фјордот Волстенхолме. Јужно од овој остров се наоѓа островот Сондерс.[1] Волстенхолмовиот Остров е помал од Сондерс.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Под команда на Џејмс Сондерс во 1849 бродот „Норт Стар“ запловил кон Северниот пол. Експедицијата тргнала да ја пронајде експедицијата на Џејм Кларк Рос, која пак во 1848 година била на пат да ја пронајде експедицијата на Џејмс Франклин.[3]

По неуспехот да ги пронајде експедициите, мисијата била прекината и имало одлука да се врати во Лондон пред зимата. Сепак, бродот на Џејмс Сондерс бил заглавен во мразот во Мелвиловиот Залив, во севрозападниот дел на Гренланд. Така, зимата во 1849-1850, Сондерс именувал неколку релјефни формации во областа.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поглед кон островот Сондерс, а во позадина се гледа Волстенхомовиот Остров.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1:1,000,000 scale Operational Navigation Chart, Sheet B-8, 3rd edition
  2. Clements R. Markham, William Alexander, Life of Admiral Sir Leopold McClintock, p. 90
  3. Icy Imprisonment: The 1849 Voyage of the HMS North Star
  4. The Nautical Magazine and Naval Chronicle, Simpkin, Marshall & Co. London 1850, p. 588

Надворешни врски[уреди | уреди извор]