Воловот
Воловот Νέα Σάντα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°50′N 22°55′E / 40.833° N; 22.917° EКоординати: 40°50′N 22°55′E / 40.833° N; 22.917° E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Кукуш |
Надм. вис. | 103 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.508 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Воловот или Горно Воловот (грчки: Νέα Σάντα, Неа Санда, до 1926 Βολοβότ, Воловот) — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2].
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 20 километри југоисточно од градот Кукуш (Килкис) и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, и на 28 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска висина од 103 метри.
Воловот опфаќа површина од 25 квадратни метри[3].
Историја[уреди | уреди извор]
По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од населението заминало од селото кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население од Мала Азија. Во 1926 година селото било прекрстено во Неа Санда[4]. Во 1928 година селото броело 673 жители[5].
Демографија[уреди | уреди извор]
Селото во пописот од 1940 година броело 902 жители, 1951 година броело 1605 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1802 жители, во 1971 живееле 1705 жители, во 1981 живееле 1738 жители. Денеска, населението на селото е 1508 жители[6].
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 902 | 1605 | 1802 | 1705 | 1321 | 1738 | / | 1508 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство[уреди | уреди извор]
Дел од земјиштето на обработливата површина се наводнува од реката Куру Дере. Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито, а се произведува и голема количина на тутун. Во селото постои на полициска станица.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Βολοβότ - Νέα Σάντα
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 1. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
- ↑ http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf
|